Без паника, ова не е масивна дупка на Јупитер.
Се е во ред на нашиот најголем сосед, Јупитер. Вселенското летало Џуно на НАСА, успеа да ја забележи сенката на Ио, една од јупитеровите месечини, како минува низ нејзините облаци.
На 11ти септември Џуно го направи дваесет и второто блиско поминување над гасовитиот џин, токму во моментот кога небесната геометрија беше подредена така што Ио се најде помеѓу Сонцето и Јупитер за време на неговити рапидни кругови околу планетата. (На Ио му се потребни само 1.77 дена за да направи една орбита.)
Ио е претежно вулкански свет во нашиот соларен систем, благодарејќи на топлината генерирана од близината и масивната гравитација на Јупитер. Од четирите големи месечини на Јупитер, Ио орбитира најблиску до планетата, овмозожувајќи ѝ да фрли огромна сенка на гасовитиот џин.
Џуно орбитира околу Јупитер повеќе од три години, притоа правејќи близок прелет на 53 дена. Од научна гледна точка, приоритетите на вселенското летало се низа инструменти кои се дизајнирани да ја проучуваат атмосферата и внатрешноста на планетата.
Но воедно на Џуно се наоѓа и камера. Сите фотографии кои се фатени од страна на камерата се наоѓаат онлајн, каде што волонтери работат на обработка на фотографиите и нивно преточување во нешто убаво и информативно. Тоа значи дека додека чекаме научниците да ги анализираат податоците добиени од Џуно, ние може да уживаме во зачудувачки фотографии од Јупитер, како што се овие од еклипсата. Сликите имитираат фотографии направени од вселената од помрачувањата овде на Земјата, кога сенката на месечината поминува низ планетата.
Превод: Даница Ѓорѓевска
Извор: https://www.space.com/