Изненадувачки силно магнетно поле ја предизвикува силата на влечење на црните дупки

0

Ново истражување за супермасивни црни дупки во центрите на галаксиите вели дека магнетните полиња играат импресивна улога во динамиката на системот. Всушност, во повеќе црни дупки кои се набљудувале силата на магнетното поле била онолку голема колку и силата на гравитација на црната дупка.

Моделите покажуваат дека црните дупки можат да издржат магнетни полиња силни колку и нивната гравитација, но сеуште нема набљудуван доказ за да се потврди ова. Со двете сили во баланс, облак од гас фатен на врвот на магнетното поле би бил поштеден од гравитационото влечење и би лебдел во место.

Силата на магнетното поле била потврдена од докази од млаз на гас кои биле испукани од супермасивните црни дупки. Формирајки магнетни полиња овие млазеви произведуваат радио зраци. Користејќи ги овие зраци се мери силата на магнетното поле.

Базирано на резултатите, магнетните полиња се 10.000 пати посилни од она на Земјата.

Извор: Phys.org

Превод: Максим Осман-Николов

 

Сподели.