Тимовите кои се одговорни за мисиите во НАСА и ЕСА операцискиот центар потрошија месеци дебатирајќи за предностите и недостатоците за различните орбити, но конечно се договорија за патеката на вселенскиот “Премин”.
Како и Интернационалната Вселенска Станица (International Space Station – IIS), овој вселенски “Премин” би било постојано и привремено вештачко живеалиште. Наместо да орбитира околу нашата планета, ќе орбитира околу месечината и би служел како база за астронаути и роботи кои ја истражуваа површината на Месечината.
Слично како планинарските засолништа, овој вселенски “Премин” би служел како засолниште и место за складирање на резерви за астронаутите кои би патувале до подалечни дестинации, како место за препраќање на комуникациите и информациите и како лабораторија за научни истражувања.
Тимовите за анализа на мисии во ЕСА операцискиот центар продолжуваат да соработуваат со партнерите на IIS за да ги согледаат сите страни како оваа орбита ги афектира виталните или битни аспекти на мисијата – вклучувајќи го слетувањето, средбите со идните летала и сценаријата за вонредни состојби потребни за да се заштитат луѓето и инфраструктурата.
“Ангелската” орбита
Овој вселенски “Премин”, неодамна се реши да се движи по “речиси правоаголна хало орбита” или NRHO (“near-rectilinear halo orbit”).
Наместо да орбитира во блиска месечева орбита како Аполо, овој вселенски “Премин” би правел висока “ексцентрична” патека. Кога би бил најблиску би поминал над 3000 km од површината на месечината, а кога би бил најдалеку на 70000 km. Тоа би орбитирало заедно со месечината и гледано од Земјата би изгледало како месечево хало.
Вакви орбити се возможни поради заемнодејството на земјените и месечевите гравитациски сили. Како што двата големи објекти се движат во време-просторот, мал објект може да биде “фатен” во навидум стабилна или приближно стабилна позиција со орбитирчките тела уште познато и како LIbration или Лагранжово растојание.
Вакви локации се совршени за планирање на долготрајни мисии кои на некој начин го диктираат дизајнот на леталото, што може да носи до или од орбита и колку енергија би му била потребна за да стигне и остане таму.
Патувајќи по таква (NRHO) патека, една револуција на вселенскиот “Премин” во орбита околу Месечината би траела околу 7 дена. Овој период беш избран за да се ограничи бројот на затемнувања кога вселенскиот “Премин” би бил во сенка на Земјата или Месечината.
“Да ја најдете орбитата на вселенскиот “Премин” околу месечината не е тривијална работа”, вели Маркус Лендграф, Архитектонски аналитичар во ЕСА кој работи на активностите поврзани со човеково и машинско (роботско) истражувања.
“Ако сакате да останете таму неколку години, треба да имате на ум дека речиси правоаголната хало орбита е малку нестабилна и објектите во оваа орбита имаат тенденција да се оддалечуваат.” вели тој.
За да остане овој вселенски “Премин” во стабилна орбита, редовните мали маневри се задолжителни.
Стапување на сцена
Па зошто оваа орбита? Основниот фактор кој не ограничува за движење објекти од Земјата до потенцијална база на месечината или самата површина е енергијата.
“Во еден таков вселенски лет, ние не носиме едно единствено монолитно вселенско летало”, објаснува Флоријан Ренк, Аналитичар на мисии во ЕСА операцискиот центар од дивизијата на динамика на летање.
“Наместо тоа ние носиме парчиња и делови кои ги составуваме во вселената, а наскоро и на површината на Месечината. Некои делови ги оставаме, а некои ги враќаме назад на Земјата – структурите секогаш се надградуваат и развиваат.”, вели тој.
Да се напушти гравитациското поле на Земјата е потребно многу енергија. Притоа да се слета на Месечината, а не да се помине покрај неа, треба да се успори при што се губи истата количина на енергија. Можеме да заштедиме дел од оваа енергија ако оставиме делови од вселенското летало во вселената, зачувувајќи ги само деловите кои ни требаат за на повешината на месечината.
Постојана база во оваа орбита околу месечината ќе има улога на базна станица, каде делови можат да бидат оставени, земиени и склопени подоцна. После полетувањето, мал маневар би бил потребен за да го успори вселенското летало за да се сретне со вселенскиот “Премин”.
Тогаш месечевиот лендер може да пренесува луѓе, роботи и инфраструктура долу на површината кога овој вселенски “Премин” е најблиску до месечината, а тоа е отприлика на секои 7 дена. На сличен начин отприлика на секои 7 дена има начин и за враќање од месечината назад.
Кон месечината
Во текот на 2020-тата, вселенскиот “Премин” ќе се состави и стави во функција во близина на Месечината, каде би се движел во различни орбити и ќе ги овозможи најдалечните човечки вселенски мисии што некогаш биле изведени. Ова нуди платформа за научни откритија во длабока вселена и ќе изгради непроценливо искуство за предизвиците на идните човечки мисии на Марс.
„Експертите за динамика на летање во ЕСA операцискиот центар се единствени во Европа“, додава Ролф Денсинг, Директор за операции на ЕСА.
„Нашите аналитичари и експерти за динамика на летови обезбедуваат поддршка на целиот спектар на мисии, вклучувајќи и некои од најсложените и возбудливите како овој вселенски “Премин”. Во исчекување сме да го видиме реализиран овој амбициозен меѓународен напор“, вели тој.
Превод: Кире Трајковски
Извор: ESA