Истражувања покажуваат дека на планетата Кеплер-62ф веројатно има живот

0
Уметнички приказ на Кеплер 62ф, планета во зоната поволна за живот која орбитира околу ѕвезда на 1200 светлосни години од Земјата.

Уметнички приказ на Кеплер 62ф, планета во зоната поволна за живот која орбитира околу ѕвезда на 1200 светлосни години од Земјата.

Планетата Кеплер 62ф е оддалечена околу 1200 светлосни години од нас. Планетата е четириесетина проценти поголема од Земјата и најверојатно има карпест состав со океани по површината. Овој систем беше откриен од страна на мисијата Кеплер уште во 2013 година, но беа обезбедени информации за составот, атмсферата на Кеплер 62 ф, најоддалечената планета во овој систем.

За да се утврди дали воопшто постојат можности за живот на планетата научниците мора да дознаат повеќе за нејзината атмосфера и орбита.

На Земјата, јаглеродниот диоксид доаѓа до 0,04 проценти од атмосферата. Бидејќи Кеплер 62ф е многу подалеку од нејзината ѕвезда отколку ние од Сонцето потребно би било многу поголемо количество јаглероден диоксид за да се дојде до загревање кое ќе овозможи присуство на вода во течна состојба на површината. Според анализите дебелината на атмосферата на оваа планета варира од онаа на Земјата па до 12 пати погуста, а количеството на јаглероден диоскид се движи од оној како во нашата атмосфера па до 2500 пати повеќе. Но, доколку нема волкави кочичества, тогаш температурите не се доволно високи во текот на целата година, туку во одредени периоди се искачуваат доволно колку за да се помогне топењето на мразот.

За симулација на можната орбита, како и за климата на планетата научниците користеле компјутерски модели. Ова е за прв пат да се направи комбинација од двата типа на модели при проучување на планета надвор од нашиот систем. Со помош на ваквата метода ќе може да се приоритизираат целите каде шансите за живот се теоретски поголеми и да се заштеди на време и ресурси при лансирањето на новата генерација телескопи.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: phys.org

Сподели.