Истражувачи откриваат дека космичката радијација станува се поопасна

0

Можеби звучи како сценарио од научна фантастика, но астронаутите кои патуваат во вселената се изложени на огромно ниво космичка радијација. Космичката радијација е научен факт и изложеноста на астронаутите на нејзе е важно за идните мисии во кои се планира посета на Месечината или Марс. Ново истражување од „Центарот за вселенска наука“ при Универзитетот во Њу Хемшир сугерира дека изложеноста на радијација во вселената е многу поголема од колку што се мислело до сега и може да има сериозни последици по астронаутите и сателитската технологија.

Нивото на радијациските дози од мерења извршени минативе четири години ги надмунуваат досегашните трендови видени во предходните соларни циклуси дури за 30%, прикажувајки дека радијацијата во околината станува поинтензивна – Вели Натан Швадрон, професор по физика и главен автор на студијата. Тој исто така вели дека овие услови со зголемен интензитет на радијација од честички се многу важен фактор за вселенското патување и „клима“ и мора внимателно да се следат и земаат во предвид при планирањето и дизајнот на идните мисии кон Месечината, Марс, астероидите и подалеку.

Во студија која беше неодамна објавена е согледано дека големи промени во нивото на галактичките космички зраци се случуваат забрзано и се на пат да ги надмнинат сите досегашни измерени нивоа. Исто така истражувачите укажуваат дека еден од најважните настани на ослободување соларни енергетски честички од Сонцето се случил во септември 2017 ослободувајки големи нивоа на радијација кои може да представуваат значаен ризик за луѓето и сателитите. Незаштитените астронаути може да искусат акутни симптоми на радијациска болест или посериозни долгорочни здравствени проблеми како рак и оштета на органите, вкучувајки го срцето, мозокот и централниот нервен систем.

Во 2014, Швадрон и неговиот тим предвиделе зголемување на радијациската доза од околу 20% помеѓу два соларни минимуми. Четири години подоцна истражувањето покажува дека зголемувањето е за 10% поголемо, укажувајки дека ситуацијата се влошува повеќе од очекуваното.

„Сега знаеме дека условите во вселената за мисија на месечината се многу различни од оние за време на претходните мисии“, вели Швадрон.

Авторите податоците ги добиле од CRaTER уредот на „Лунарниот извиднички орбитер“. Лунарните набљудувања (покрај другите вселенски набљудувања) покажуваат дека галактичката космичка радијација расте побрзо од очекуваното. Истражувачите исто така го потенцираат абнормално долгиот период на намалување на сончевата активност. Наспроти ова, активното Сонце се карактеризира со честа појава на дамки кои го засилуват неговото магентно поле. Ефектот на магнетното поле се шири низ сончевиот систем преку соларниот ветер и ги дефлектира галактичките космички зраци од системот и астронаутите во транзит.

За време на поголемиот дел на вселенското доба активноста на Сонцето се менувала предвидливо и континуирано за време на 11-годишни циклуси (6-8 годишни намалувања во активноста наречени минимуми по кој доаѓале 2-3 годишни периоди кога Сонцето е поактивно). Но почнувајки од 2006, научниците го забележуваат најдолгиот сончев минимум и најслабиот период на сончева активност забележан за време на вселенската доба.

И покрај вкупното намалување, соларните ерупции во Септември 2017 резултираа со епизоди на значајно испуштање на соларни честички и радијација предизвикана од забрзувањето на честичките од сукцесивни мегнетно добро поврзани коронарни исфрлања на маса од Сонцето. Истражувачите заклуваат дека радијацијата во вселенската околина продолжува да биде значајна закана поврзана и со историско силните промени во галактичките космички зраци и со големите, но изолирани настани на исфрлање соларни енергетски честички кои сеуште претставуваат предизвик во областа на предвидување на вселенските услови.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: Phys.org

Сподели.