Историја на астрономијата

0

Љубопитноста на античките народи за денот и ноќта, Сонцето, Месечината и ѕвездите на крај ги довела до набљудувања со кои небесните тела изгледале дека се движат по еден вообичаен терк. Ова движење се покажало од голема корист при дефинирањето на времето, локацијата и правците на Земјата. Астрономијата всушност потекнала од самите проблеми со кои се соочиле уште првите цивилизации. Античките народи имале потреба од воспоставување на вистинските периоди на садење и жнеење на житата како и за нивните ритуални и религиозни прослави. Движењето на небесните тела им помагало да го мерат времето при долгите патувања на вршење на стоковата размена.

Најстарите пронајдени цртежи поврзани со небесните набљудувања датираат од пред 3000 година п.н.е. На самите цртежи кои биле нанесувани на коски, а најчесто на пештерските ѕидови, се наоѓаат претставени соѕвездија како Големата Мечка, Касиопеја онака како што тогаш изгледале.

Културата на древните Кинези датира уште од 3000 година п.н.е. кога почнува да се развива нивната астрономија. Тие уште тогаш знаеле да ги предвидат затемнувањата на Сонцето и Месечината, да ги определат рамнодениците и горната и долната кулминација. Времето го мереле со помош на сончеви часовници, а воедно се и првите луѓе кои почнале да зборуваат за сончевите пеги кои случјно ги откриле кога прку густиот чад на голем пожар погледнале кон Сонцето.

Историја на астрономијатаОд периодот од 3000 година п.н.е. се среќаваат и интересни градби меѓу кои се издвојува најстарата астрономска опсерваторија, Стоунхенџ (помеѓу 3000 и 1000 година п.н.е.). Тоа се, всушност, огромни камени блокови кружно распоредени кои се лоцирани близу Сализбри, Англија. Се смета дека за предисториските луѓе Стоунхенџ претставувал еден вид ритуален споменик. Малку се знае за неговата вистинска функција, но се верува дека неговата структура им овозможувала на градителите да ги предвидат положбата на Сонцето, рамнодениците, затемнувањата и други настани од Сончевиот календар.

Месопотамците биле први од античките набљудувачи на ѕвезди кои направиле обид за уредување на деновите, односно месеците во еден постојан временски систем, односно календар. Тие ги делеле светлите тала на небото на подвижни и неподвижни ѕвезди. Петте „подвижни ѕвезди” биле Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. Подоцна овие тела го добиле името планети („скитнички”). Тие, заедно со Сонцето и Месечината, се движат околу ѕвездената сфера во еден тенок појас кој бил наречен Зодијак. На секое соѕвездие му бил определен период на „владеење” кој се совпаѓал со периодот за кој Сонцето привидно минувало низ тој дел од сферата. Овие соѕвездија подоцна биле именувани од Птоломеј, астроном кој живеек во вториот век од нашата ера, и тоа со следниве имиња: Овен (Arres), Бик (Taurus), Близнаци (Geminni), Рак (Cancer), Лав (Leo), Девица (Vigro), Вага (Libra), Шкорпија (Scorpio), Стрелец (Sagitarius), Јарец (Capricorn), Водолија (Aquarius) и Риби (Pisces).

Помеѓу античките народи кај кои се сретнуваат податоци за небесните набљудувања е и цивилизацијата на Маите кои во тоа време го знаеле точното привидно движење на небесните тела. Археолозите веруваат дека Формативниот период на Маите започнал околу 1500 година п.н.е., но врвот на нивните културни достигнувања бил постигнат за време на Класичниот период кој траел од 300 до 900 година н.е. Во овој временски интервал Маите имаат создадено уникатна уметност и архитектонски стилови, направено зачудувачки астрономски опсерватории и развиено систем на хиероглифи за бележење на значајните настани. Придонесите од оваа цивилизација продолжуваат да се чувтвуваат во Мексико каде многу туристи ги посетуваат руините од времето на Маите, како на пример оние од Посткласичниот град Chichèn Itzà.

Сподели.