Исклучување на Аресибо?

0
Џиновскиот радио-телескоп Аресибо е научен инструмент каков што нема никаде во светот. За истражувачите, на овој инструмент му нема рамен во откривањето на природата на објектите близу Земјата, и тој е неизбежна алатка во нашите напори во проучување и намалување на ризикот од потенцијално опасни астероиди. Инструментот беше користен во проучување на многу работи, од мразот на Меркур до езерото на Титан. Неговото одржување е скапо, но агенцијата којашто го финансираше, Националната научна фондација, (the National Science Foundation, NSF), чијшто буџет оваа година беше намален, почна да размислува дека во наредната декада би можела да го изгасне.

Еден од авторите на статиите во „National Geographic“, Надја Дрејк (Nadia Drake), детално го проучила статусот на телескопот Аресибо (Arecibo). Затоа, во почетокот на овој месец објавила историја на проблеми со инвестиции кои се однесуваат на „Несигурната иднина на најголемиот телескоп на Земјата“ (“Uncertain Future for Earth’s Biggest Telescope”). Последниот статус во таа историја изгледа вака:

„23-ти мај, National Science Foundation која го обезбедува најголемиот дел од годишниот буџет за Аресибо, којшто достигнува до 12 милиони долари, ја најави својата намера да подготви изјава за влијанието на телескопот врз природната средина, а поврзано со иднината на објектот.

Ова можеби изгледа безизлезно – после сè, зарем не е добра идеја да се проучи околината во којашто живеат нашите научни уреди? Сепак, изјавата е сè, само не добронамерна. Проценката на влијанието врз животната средина ќе биде само краен и значаен чекор на NSF ако се одлучи да ги повлече средствата за опсерваторијата и да ја исклучи од ефикасно работење.“

Ќе биде ужасно доколку тоа се случи, бидејќи ќе биде само уште еден (во низата) докази дека нашето општество тргна на целосно погрешен пат. Ако Америка си дозволи да исклучи таков уред за да заштеди пари, тогаш прави превид во нешто навистина големо. Со потенцијално исклучување на Аресибо загубата на научниците ќе бидат повеќекратни, вброувајќи ја работата на гравитациските бранови, климатските промени и потенцијално опасни астероиди. Подеднакво важно, вели Дрејк, е значењето кое Аресибо го има за научната кариера на студентите од Порторико.

Исклучување на Аресибо?

Телескопот покрива три подрачја: радио астрономија, атмосферски истражувања и радарска астрономија.

Конструкцијата на овој телескоп во Порторико беше започнат под покровителство на американскиот факултет Корнел уште во 60-те години и траеше до 2011-та година. Телескопот има дијаметар 305 метри и површина од 73.000 m² и претставува најголем поединечен телескоп на светот. Неговата огромна чинија всушност е лоцирана во карстна длабка, сочинет од 38.778 перфорирани алуминиумски панели. Опсерваторијата има 4-радарски приемник со огромна моќ, која се мери во теравати.

Опсерваторијата има многу заслуги во астрономијата. Во април, 1964 година, тимот на Г. Патенгија (G. Pattengilla) откри дека периодот на ротација на Меркур не е како што претходно се веруваше, 88 денови, туку само 59 денови. Во 1968 година беше откриен милисекунден пулсар во маглината на Рак, со што за првпат се потврди постоењето на неутронските ѕвезди. Во 1974 година Халс и Тејлор го открија првиот бинарен пулсар, што покасно им ја донесе Нобеловата награда. Во август, 1989 година, директно е снимен првиот астероид во историјата: 4769 Castalia. Следната година, полскиот астоном Александар Волштан (A. Wolszczan) откри пулсар којшто ќе го доведе до пронаоѓањето на првата екстрасоларна планета.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.