Иридиум – крај на ерата на небесните блесоци

0
Иридиум – крај на ерата на небесните блесоци

Блесок од Иридиум на ноќното небо. Заслуги: Mike Taylor/Taylor Photography

Новата генерација на комуникациски сателити ќе ни ги ускрати небесните блесоци од сателитите Иридиум.

Ноќно време, Вештачките сателити на Земјата се видливи со голо око. Посебно се воочливи светлите, бавни прелетувања на Меѓународната вселенска станица помеѓу ѕвездите. Но, краткотрајните, светлечки блесоци, понекогаш со сјајност на Месечината кога е во првата четвртина, никого не оставиле рамнодушен. Налик на сјајните метеори, блесоците од комуникациските сателити Иридиум постанале дел од маркантните небесни појави.

Можноста да имате точни податоци преку мобилена апликација, кога и каде ќе се појави светлински блесок на ноќното небо, многумина ги натера да го свртат погледот кон ѕвездите.

Сепак, се чини дека ерата на блесоците од Иридиум е при крај, со лансирање на новите генерации од овие комуникациски сателити. Пред дваесетина години (мај, 1997) се лансирани првите Иридиуми. Првично намерата била да се лансираат 77 сателити околу Земјата коишто било каде во светот би овозможиле достапност на секаков вид комуникација.Иридиум – крај на ерата на небесните блесоци

Името на сателитите и самите мрежи потекнува од совпаѓањето на планираниот број сателити во орбитата (77) и хемискиот елемент под реден број 77 – иридиум. На крај, бројот на сателити е редуциран на 66, со шест резервни летала кои се наоѓаат на т.н. паркинг орбити. Конструкциската изведба со два фотонапонски панели и три големи, со сребро обложени антени, при поволни услови се осветлени од сончевата светлина која ја рефлектираат кон Земјата. Всушност таа краткотрајна рефлексија на светлината е виновна за силните светлински блесоци на ноќното небо.

После дваесет години оперативна употреба, дојде време за летала со поголем капацитет. Иридиум NEXT сателитите се конструирани поинаку, без оние три големи антени обложени со сребро, од првата генерација Иридиум. Со тоа, ќе изостане и рефлексијата на светлина на која се навикнавме овие дваесет години.

Првата серија од десетте Иридиум NEXT летала успешно е лансирана на 14-ти јануари со ракетата Фалкон 9 на SpaceX. Овие летала сега се разместуваат на планираните патеки, а во тек е тримесечно испитување на нивните можности. Кога тестирањата ќе завршат, следат нови лансирања и замена на комплетно старата флота на Иридиум со новите летала на Иридиум NEXT. Старите Иридиуми во текот на наредните две до три годни делумно ќе бидат деорбитирани. Насочени пониско кон Земјата, тие ќе изгорат во атмосферата. Некои летала ќе се препаркираат за да послужат како резерва во случај на потреба, а дел од флотата ќе направат пар „гроздови“ – збир од пар летала концентрирани на поединечни места.

Иридиум – крај на ерата на небесните блесоци

Следното лансирање на нови десет Иридиум NEXT следи во април (после тестирањето на првите десетина), а потоа секои два месеца ќе се лансираат по десет нови летала сè додека не се лансира целата флота. Планирано е сите лансирања и разместувања да бидат завршени наредната година, кога ќе се прогласи целосна оперативност на новиот состав на Иридиум. Никој не е сигурен како ќе се рефлектира ова на небесните блесоци во блиска иднина, но ерата на маркантните небески блесоци предизвикани со човечко делување е веќе во својот последен, почесен круг.

Вкупно се изработени 98 Иридиуми од првата генерација, од кои лансирани се 95. Со време, некои летала престанале да функционираат, а други се деорбитирани. Лансирани се со амерички, руски и кинески ракети. Станува збор за летала со маса од 700 килограми сместени на висина од 800 километри, со инклинација (наклон) од 86.4° и со брзина на движење од 27.000 километри на час, а за еден круг околу Земјата им се потребни стотина минути. Во најжешкиот момент од кампањата на лансирања, постигната е рекордна брзина на изработка на поединечни летала која изнесувала помалку од пет дена.

Произведувач е Моторола, која преку составот на Иридиум имала намера да загосподари со глобалниот пазар за мобилна комуникација и опрема. Но, бидејќи составот на Иридиум доцнел, бил доста скап и маркетиншки лошо изработен, па мрежите како NMT и GSM го презеле пазарот. Иако со предности на Иридиум, првиот банкрот предизвикал еден технички недостаток, кој планерите на составот го занемариле. Сигнал има секогаш и секаде, во прашуми, степи, џунгли, на море, на половите, но го нема во зградите. Ова било еден од најголемите банкроти во САД. Подоцна, составот е преориентиран кон целната публика и за воени потреби, па со тоа успеал да опстане.

Со Иридиум се врзува и најтешкиот инцидент во Вселената, кога во февруари 2009-та година, при брзина од 37.000 километри на час се судриле рускиот Космос 2251 и американскиот Иридиум 33, што предизвикало стотици неконтролирани распаднати делови како опасност за другите летала во Вселената.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.