Разбирањето на потеклото и временската еволуција на близу-Земјени астероиди (БЗА, или near-Earth asteroids – NEAs) е потребно како научен интерес и секојдневна важност бидејќи тие претставуваат потенцијална опасност за Земјата. Сепак, како и каде овие БЗА биле формирани и што искусиле од тој момент останува мистерија.
Јапонски научници, вклучувајки ги и оние од Осака Универзитетот, внимателно испитале честички собрани од астероидот Атокауа од страна на вселенската сонда Хајабуса, пронаоѓајќи дека првичното тело на Ајтокауа било формирано пред околу 4,6 милијарди години, кога Сончевиот систем бил формиран. Исто така откриле дека било уништено поради судир со друг астероид пред околу 1,5 милијарди години. Нивните резултати биле објавени во Научни Извештаи.
Фокусирајќи се на фосфатни минерали (кои ретко се наоѓаат во честичките кои потекнуваат од Ајтокауа), научниците извршиле прецизни анализи на изотопи на ураниум (U) и олово (Pb) кои се наоѓале во честичките од Ајтокауа со дијаметар од 50 микрометри употребувајќи второстепена јонска масна спектрометрија.
Водечкиот автор, Кентаро Терада вели „Со спојување на два ураниум атоми во радиоактивна серија на распаѓање, т.е. 238U-206Pb (со полу-живот кој е 4,47 милијарди години) и 235U-207Pb (со полу-живот кој е 700 милиони години), употребувајќи 4 Ајтокауа честички ние појаснивме дека фосфатните минерали се кристализирале за време на период на термална метаморфоза (пред 4,64 ± 0,18 милијарди години) која му се случувала на првичното тело на Ајтокауа, а потоа искусило шок метаморфоза поради катастрофален судир со друго тело (пред 1,51 ± 0,85 милијарди години)“.
Објавено е дека минералогијата и геохемијата на Ајтокауа честичките е слична со оние на LL хондритите (LL – Low (total) iron, Low metal; ниско ниво на (вкупно) железо, ниско ниво на метал), кои често паѓаат на Земјата.
Сепак, шок периодите добиени преку вршење тестирања на Ајтокауа честичките (пред 1,5 милијарди години) се поразлични од шок периоди на LL хондрити во претходни извештаи (пред 4,2 милијарди години). Ова покажува дека астероидот Ајтокауа имал временска еволуција поразлична од онаа на првичните тела на LL хондрити.
Резултатите од ова проучување поставија граници на временската лента на првите примероци собрани од астероидот, давајки ни конкретни бројки (апсолутна старост) за еволуцијата на БЗА чии орбити се добро познати. Ова ќе води до разјаснување на потеклото и историјата на астероидите.
Превод: Дејана Маркова
Извор: Phys.org