Прикажани се неколку фотографии на облаци од остатоци кои кружат околу млади ѕвезди. Фотографиите се направени од Хабл. Биле проучувани 10 вакви системи и MP Mus (зрел протопланетарен диск) со возраст која може да се спореди со најмладите од дисковите со остатоци.Хабл откри доста неочекувани разновидни и комплексни структури. Дел од овие асиметрии кај дисковите може да должат на самиот пат на нивните ѕвезди низ меѓуѕвездениот простор. Или пак, можеби дисковите се под влијание на некои планети кои сеуште ги немаме видено. Асиметријата на HD 181327 изгледа како спреј од материја која е далеку од својата ѕвезда. Ѕвездите кои се набљудувани може да имаат 10 милиони години, па се до повеќе од една милијарда години. Набљудувањето во видлива светлина беше направено со Space Telescope Imaging Spectrograph (STIS). Извор: NASA, ESA, G. Schneider (University of Arizona), and the HST/GO 12228 Team
hubblesurvey
0
Сподели.



