Хабл со нови индикации за постоење на вода на планетите на TRAPPIST-1

0

Со користење на телескопот Хабл (Hubble) на НАСА/ЕСА, меѓународен тим од астрономи истражува за можното постоење на вода на седумте планети. Планетите со големина на Земјата орбитираат околу џуџестата ѕвезда Трапист-1 (TRAPPIST-1).

Резултатите велат дека овие планети имаат значително количество на вода. Три од овие планети се наоѓаат во зоната погодна за живот, што укажува дека дел од овие планети навистина може да се населиви.

Хабл со нови индикации за постоење на вода на планетите на TRAPPIST-1

Приказ на површината на една од планетите во системот TRAPPIST-1. Најмалку 7 планети орбитираат околу оваа ултра студена џуџе ѕвезда која се наоѓа на околу 40 светлински години од Земјата. Заслуги: ESO/L. Calçada/spaceengine.org

На 22-ри февруари минатата година, астрономите го објавија откритието на 7 планети со големина на Земјата. Планетите кои орибитаат околу ултрастудената џуџеста ѕвезда TRAPPIST-1, се наоѓаат на оддалеченост од 40 светлински години. Ова го прави TRAPPIST-1 планетарен систем со најголем број на планети со големина на Земјата.

Меѓународниот тим од научници ја изучуваше количината на ултравиолетова радијација добиена од посебните планети од системот. Ултравиолетова радијација е битен фактор во атмосферската еволуција на планетите. Во нашата атмосфера, ултравиолетовата светлина ги разделува молекулите. Во атмосферите на егзопланетите, ултравиолетовата светлина може да ја раздели водената пареа во молекули на водород и кислород.

Ултравиолетова радијација со помала енергија ги разделува молекулите вода во процес наречен фотодисоцијација. Онаа со поголема енергија, пак, го затоплуваа горниот атмосферски слој на планетата, што дозволува продуктите на фотодисоцијацијата (водород и кислород) да избегаат.


Оваа анимација ја прикажува орбитацијата на седумте планети. Соѕвездието Орион е видливо под ѕвездата.

Поради малата маса, водородниот гас може да ја напушти атмосферата на егзопланетите. Ова овозможува да биде детектиран од Хабл околу егзопланетата, однесувајќи се како индикатор за атмосферска водена пареа. Забележаната количина на ултравиолетова радијација емитирана од TRAPPIST-1 укажува дека планетите загубиле голема количина на вода.

Ова е посебно се однесува на двете планети кои се наоѓаат во внатрешноста на системот, TRAPPIST-1b и TRAPPIST-1c. Тие примаат најголемо количество на ултравиолетова енергија.

Хабл со нови индикации за постоење на вода на планетите на TRAPPIST-1

Приказ на Сонцето и ултрастуденото џуџе TRAPPIST-1 во размер. Џуџето е само 11% од дијаметарот на Сонцето и е многу поцрвено. Бидејќи планетите околу Трапист-1 орбитираат многу поблиску до нивната ѕвезда отколку Меркур до Сонцето, тие се изложени на исто ниво на радијација како Венера, Земјата и Марс во нашиот Сончев Систем. Заслуги: ESO

Овие планети имаат загубено количина на вода поголема од 20 океани за време на последните 8 милијарди години. Се смета дека надворешните планети од системот, e, f и g, кои се наоѓаат во зоната која има погодни услови за живот имаат загубено многу помалку вода, но досегашните набљудувања не овозможуваат да се донесе конечен заклучок за количеството вода на планетите.

Превод: Ксенија Трајковска

Извор: Phys

Сподели.