Уметнички приказ на објект од Кајперовиот појас, лоциран во надворешните делови од Сончевиот систем на далечина од 4 милијарди милји од Сонцето. За разлика од астероидите, објектите од Кајперовиот појас (KBO) не се значајно загреани од Сончевата топлина и претставуваат добросочувани, замрзнати примероци од далечното минато на системот. Истражувањето на Хабл пронајде три примероци од Кајперовиот појас кои варираат од 27 до 35 милји во широчина кои ќе бидат достапни за леталото Нови Хоризонти, откако во средина на 2015 година ќе помине покрај Плутон. Извор: NASA, ESA, and G. Bacon (STScI)
hs-2014-47-a-print
0
Сподели.