Гравитациските бранови – тест за дополнителни димензии?

0
Гравитациските бранови - тест за дополнителни димензии?

Уметничка претстава за гравитациските бранови C.Jones/IFLSCIENCE

Минатата година, детекцијата на гравитациски бранови стана можна со комбинирање на најнова технологија заедно со исклучително разбирање на теоријата која стои зад неа. Тоа им дозволи на физичарите да го откријат сигналот во бучавата. Многу други истражувачи сега се заинтересирани за користење на оваа метода со цел да ги тестираат границите на нашата физика.

Најновото истражување укажува на тоа дека гравитациските бранови можат да бидат користени со цел да се тестира дали постојат повеќе од четири димензии. Идејата на која се темелат повеќе теории како што е теоријата на струни, укажува на тоа дека Космосот има повеќе од забележаните четири димензии на простор-времето и дека гравитацијата е толку слаба (во споредба со другите сили) бидејќи може да избега во други димензии.

Па зошто да не ги користиме гравитациските бранови за да се тестира истово? Дејвид Андриот и Густаво Лучена Гомез, од Макс Планк Институтот за Гравитациска физика во Германија, имаат напишано истражување (кое сè уште не е објавено) за она што суптилните потписи на гравитациските бранови можат да го покажат, доколку долнителните димензии навистина постојат.

„Ако има дополнителни димензии во Универзумот, тогаш гравитациските бранови можат да одат во која било димензија, дури и во дополнителни димензии,“ изјави Лучена Гомез за New Scientist.

Тој додаде: „Ако дополнителните димензии се во нашиот Универзум, тие или ќе го водат или ќе го намалуваат простор-времето на поинаков начин, на оној начин што стандардните гравитациски бранови никогаш не би го направиле.“

Истражувачите сметаат дека дополнителната димензија ќе создаде два мерливи ефекти во гравитациските бранови. Првата е поврзана со вишокот тежина. Ако дополнителните димензии навистина впиваат толку голем дел од гравитацијата, би требало да можеме истото и да го видиме. Според нивната хипотеза, тоа ќе изгледа како дополнителен сигнал на повисока фреквенција, кој се наоѓа по редовната дистрибуција.

Вториот ефект е поврзан со карактеристиките на самото простор-време, ако навистина Универзумот има 10 или 11 димензии. Гравитациските бранови ќе бидат малку деформирани како што се шират низ Вселената, протегнати во некои насоки и компресирани во други.

Според истражувачите, првиот сигнал ќе биде непогрешлив доказ за дополнителна димензија. Ништо друго не може да го произведува. Но, за жал, детекторите кои би можеле да ги откријат оние фреквенции во моментов се надвор од она што го имаме и што ќе го имаме во блиска иднина.

Вториот потпис, кој тие го нарекуваат режим на дишење, можеби ќе се тестира порано од очекуваното. Освен трите активни опсерватории за гравитациски бранови, постојат уште неколку кои се планира да се изградат пред 2030-та година. Со комбинирање на нивната детекција, научниците потенцијално би можеле да видат дали режимот на дишење е присутен во гравитациски бранови.

Сепак, режимот на дишење не е исклучиво поврзан со теориите зо екстра димензии и може да биде знак за нешто друго. Иако многу шпекулативно, интересно е да се видат луѓето како работат на тоа да се користат гравитациските бранови. Ние можеби не можеме да најдеме темна материја или дополнителни димензии користејќи ги нив, но подобро е да бидеме подготвени.

Превод: Бојан Николовски

Извор: IFL Science

Сподели.