Графички приказ на големината на кометата на Розета

0
Заслуги: Michel @quark1972

Заслуги: Michel @quark1972

Нашето чувство за големина се прилагодува на околностите. Па така кога мислиме на комети лесно е да ги споредиме со други астрономски објекти. Во овој случај, кометата 67Р/Чуриумов-Герасименко која е широка само 3км звучи мало.

Но, како што може да видите од сликата работите изгледаат различно кога ќе ја споредиме кометата со нешто со што ни е познато, како на пример високи згради.

Иако Чуриумов-Герасименко е доволно мала што еден човек може да изоди од едниот до другиот крај на кометата за еден час, лесно е да се заборави три-димензионалната природа на нешто вакво.

Сликата е на @quark1972 кој искомбинирал фотографија од Лос Анџелес со слика од вселенското летало Розета кое се среќава со Чуриумов-Герасименко пред да оди во орбита и да слета.

И покрај тоа што Розета ќе слета нежно врз површината на кометата, не може да сметаме на исто толку нежно слетување на Чуриумов-Герасименко врз Лос Анџелес.

Бидејќи орбитата на Чуриумов-Герасименко не поминуваа низ онаа на Земјата, нема опасност од удар освен доколку близок контакт со некоја друга планета не ја измести нејзината орбита.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: IFLS

Сподели.