Која е максималната теоретска големина што може да ја има една ѕвезда без да ги наруши законите на физиката?

0

Големината на една ѕвезда е природна последица на балансот меѓу силата на гравитацијата која бутка навнатре и притисокот кон нанадвор предизвикан од радијацијата која настанува во ѕвездата. Кога овие две сили се во баланс надворешните слоеви на ѕвездата се стабилни и се вели дека се наоѓа во хидростатски еквилибриум. Генерално интензитетот на двете сили е детерминиран од масата на ѕвездата. За време на поголемиот дел од својот живот ѕвездите го трошат водородот во нивните јадра и нивните структури се целосно детерминирани од нивната маса. Подоцна, енергијата се генерира во школка околу нивните јадра и надворешните слоеви се шират, како кај фазите на црвен супер џин и црвен џин.

VY Canis

VY Canis Majoris, цврвен супер џин, има радиус 1400 пати поголем од Сонцето. ; Oona Räisänen

Иако ѕвездите немаат површина, најчестата дефиниција за надворешната граница на една ѕвезда е фотосферата – локацијата каде светлината ја напушта ѕвездата. Најголемите ѕвезди се црвени супер џинови и најголемата од нив има радиус што е 1800 пати поголем од оној на Сонцето (695 700 km).  Причината за оваа максимална набљудувана големина се уште не е позната.

Би претпоставиле дека помасивна ѕвезда би била поголема во својата фаза на црвен супер џин, но помасивните ѕвезди не еволуираат низ оваа фаза и не стануваат поголеми. Можеме да си замислиме ѕвезда со произволна маса и големина, но досега не се најдени ѕвезди со маса над 200-300 сончеви маси – дури и со ова маса тие се помали од најголемите црвени супер џинови. Една од најголемите познати ѕвезди е супер џинот VY Canis Majoris која би го голтнала Јупитер доколку ја поставиме на местото на Сонцето.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: astronomy.com

Сподели.