Геолозите пронајдоа парче камен постаро и од Земјата

0
Геолозите пронајдоа парче камен постаро и од Земјата

Каменот пронајден во Австралиска пустина.

Работејќи низ Австралија геолозите пронашле примитивен метеорит кој паднал на Земјата пред неколку месеци. Со употреба на системи од апарати и камери и софистицирани математички операции тие успеале да откријат дека парчето карпа е старо 4.5 милијарди години. Метеоритот кој паднал на Земјата на 27 ноември 2015 година бил забележан и од локалното население.

Блиц поглед на метеоритот како што паѓа кон езерото Ер, Австралија. Извор: Универзитет Куртин.

Каменот бил уловен и од системот опсервациски камери наместени низ пустината. Со помош на овие снимки било полесно да се дојде до поконкретно лоцирање на местото каде паднал овој метеорит. Операцијата вклучувала извиднички авион, дрон на далечинско управување, двајца пребарувачи, како и помошта од локалното население. По тридневна потрага, истражувачите успеале да го пронајдат камен кој тежел 1.7 килограми.

Бил делумно закопан во дупка, на околу 6 километри од брегот на езерото Ер, препокриен со нешто налик солена кал. Научниците велат дека станува збор за тело кое најверојатно потекнува од ерата на почетната формација на Сончев систем и е постар од 4.5 милијарди години. Парчето карпа дојде накај нас од зад орбитата на Марс и е постаро од нашата планета.

Ова откритие е мошне значајно бидејќи се докажа дека камерите поставени за опсервации се мошне корисни при калкулациите за местото на падот, со што се помогна и пресметката на орбитата на овој метеорит низ Сончевиот систем.

Геолозите пронајдоа парче камен постаро и од Земјата

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Gizmodo

Сподели.