Геолозите ги откриваат мистериите на внатрешното јадро на Земјата

0
Геолозите ги откриваат мистериите на внатрешното јадро на Земјата

Истражувачки тим од Универзитетот во Илиноис и нивните колеги од Кина открија дека внатрешното јадро на Земјата има свое внатрешно јадро со кристали насочени во различна насока. Извор: Lachina Publishing Services.

Сеизмичките бранови им помагаат на научниците да ги откријат длабоките мистерии од внатрешноста на јадрото на Земјата.

Со помош на употреба на технологијата за читање земјотреси, истражувачки тим од Илиноис и Кина открија дека внатрешното јадро на Земјата има свое внатрешно јадро, каде се кријат доста интересни податоци кои можат да ни откријат повеќе информации за нашата планета, нејзиното создавање, историјата и друго.

Научниците ги користеле сеизмичките бранови за да скенираат под површината на планетата. Податоците се собираат не од самиот почетен шок од земјотресот, туку од брановите кои следуваат потоа. Овој метод се користи веќе некое време за истражувања под самата површина на Земјата, но сега станува збор за продирање до самиот центар на планетата.

Внатрешното јадро, за кое се веруваше дека е цврста железна топка има комплексни карактеристики. Тимот отрки дека во внатрешноста на јадрото има уште едно, двојно помало внатрешно јадро. Надворешното јадро има железни кристали кои се насочени во насока север – југ, додека пак кристалите од внатрешното јадро грубо кажано се насочени од исток кон запад. Не само што се насочени различно туку и внатрешните кристали се однесуваат поинаку од оние во надворешните слоеви. Можеби станува збор за поинаков вид на кристали или пак, од различна фаза.

Фактот дека двата региони се различни може да ни открие за начините на кои јадрото, па и нашата планета, еволуирале.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys.org

Сподели.