Астрономите во минатата средата ја претставија првата фотографија од една црна дупка, едно чудовиште што ги голта ѕвездите што се околу неа, и ги чува заробени со непробојни штитови на гравитација.Фотографијата на темното јадро опкружено со портокалов ореол од бело-топла плазма изгледа како некое артистичко дело направено во последните 30 години.
“Историјата на науката ќе биде поделена во времето пред фотографијата, и времето по фотографијата”, вели Мајкл Крамер, директор на Институтот за радио астрономија “Макс Планк”.
Карлос Модас, европски комесар за истражување, наука и иновации, го нарече подвигот “огромен чекор за човештвото”.Супермасивната црна дупка овозможена од далкудостижната мрежа на радиотелескопи е 50 милиони светлосни години подалеку од нас во центарот на галаксијата позната како M87. “Тоа е растојание кое ние не би можеле да го замислиме”, рече за Фредерик Гут, астроном во Францускиот Национален центар за научни истражувања, и коавтор на студиите кои ги истажуваат наодите.
Повеќето шпекулации се фокусираа на другиот кандидат за кој е наведен Телескопот Хоризонт на Настани: Стрелец A* (Sagittarius A*), поблиска, но помала црна дупка во центарот на нашата галаксија, Млечниот Пат.
Фотографирањето на супермасивната црна дупка на M87 на таква дистанца е слична како фотографирање на мало камче на Месечината, велат научниците.Наместо да градиме џиновски телескоп кој ќе се распадне од сопствената тежина, ние комбиниравме многу опсерватории”, изјави Мајкл Бремер, астроном во Институтот за Милиметриска радиоастрономија во Гренобл.
Земјата во напрсток
Во април 2017 година, осум радиотелескопи на Хаваи, Аризона, Шпанија, Мексико, Чиле и Јужниот Пол се насочија на Саг А* и М87. Заедно, тие формираа виртуелна опсерваторија голема околу 12.000 километри, приближно колку дијаметарот на Земјата.
“Податоците се како некомплетна загатка”, изјави Моника Москибродска, астроном на Универзитетот Радбуд. “Само гледаме делови од вистинска фотографија, а потоа мораме да ги пополниме празнините што недостасуваат”.На крајот, М87 беше попогодна за фотографирање. Како и мало дете, и Саг А* беше премногу “активна” за да излезе појасна фотографија, велат научниците.
“Она што го гледаме на фотографијата е сенката на црна дупка – позната како хоризонт на настани или точка од која што нема враќање”, изјави Гут. Сликата без преседан – толку често замислена во науката и научната фантастика – беше анализирана во шест коавторски студии напишани од 200 експерти од 60-тина институции и објавени во средата во списанието Астрофизички Писма.”Никогаш не мислев дека во мојот живот ќе видам вистинска фотографија од црна дупка”, рече астрофизичарот Жан-Пјер Лумине, автор на првата дигитална симулација на црна дупка во 1979 година.
Доведен во средината на 60-тите, од страна на американскиот физичар Џон Арчибалд Вилер, терминот “црна дупка” се однесува на точка во просторот каде материјата е толку компресирана, што ќе создаде гравитационо поле од кое дури и светлината не може да избега.
Колку повеќе маса, толку е поголема дупката. Во истата скала на компресија, Земјата ќе се вклопи во внатрешноста на напрсток.Успешниот исход зависеше од временските услови за време на периодот на набљудување во април 2017 година.”За сè да излезе во ред, требаше да имаме јасна видливост на секоја (телескопска) локација во светот”, изјави Пабло Торне, потсетувајќи се на колективната напнатост, заморот и конечно олеснување.
Прекрасен божиќен подарок
Торне работеше на контролите на телескопот Пико Велета во планините на Сиера Мадре во Шпанија.После тоа, имало осум месеци нервозно исчекување, додека научниците во опсерваторијата МИТ Хејстак во Масачусетс и Институтот за радио астрономија Макс Планк во Бон ги изработуваат податоците.Универзумот е исполнет со електромагнетна “бучава”, и немаше гаранција дека слабиот сигнал на M87 може да биде извлечен и да се добие преку Интернет.
Имаше барем една препрека.”Очајно ги чекавме податоците од телескопот на Јужниот Пол, кој поради екстремните временски услови за време на зимата во јужната хемисфера, ги добивме дури шест месеци подоцна”, се присетува Хелгер Ротман од Институтот Макс Планк. Податоците пристигнаа точно на 23 декември 2017 година. “Кога, неколку часа подоцна, видовме дека сè беше таму, тоа беше еден прекрасен божиќен подарок”, рече Ротман. Сепак, ќе треба уште една година за да се спојат податоците во фотографијата.
“За да бидеме апсолутно сигурни, работевме четири пати со четири различни тимови”, рече Гут. Научниците кои ги презентираа наодите на прес-конференцијата во Брисел беа видливо воодушевени.”Го гледаме регионот во кој никогаш порано не гледавме, за што навистина не можеме да замислиме да бидеме таму”, рече Хаино Фалке, претседател на научниот совет на Телескопот Хоризонт на Настани.
“Се чувствува како да ги гледате портите на пеколот, на крајот од просторот и времето – хоризонтот на настанот, точка од која што нема враќање”.
За повеќе видеа и фотографии, посетете NSF.gov/blackhole .
Превод: Лазар Динев