Елон Маск го открива неговиот амбициозен план за праќање на милион луѓе за колонизација на Марс

0

Чекавме долго време, но денес Елон Маск излезе на бината Меѓународниот астронаутички конгрес во Мексико, дочекан со голем аплауз, за да го најави неговиот план да се колонизира Марс. Има доста за поминување.

Како што Маск изјави пред неколку дена, неговиот предлог е наречен Интерпланетарен транспортен систем (ИТС). Тоа вклучува праќање на 100 луѓе наеднаш во ракета која е најголема до сега (поголема и од Сатурн V на НАСА), до површината на Црвената Планета.

„Сакам да направам Марс да изгледа возможен да се достигне во нашиот животен век,“ кажа Маск во неговата презентација. „Сакам кој било да може да оди ако сака.“

Погледнете го видеото од целиот говор:

Неименуваната ракета (засега наречена „Возило Марс“) изгледа импресивно. На врвот ќе има специјално дизајнирано вселенско летало кое ќе може да носи луѓе или товар. На дното, 42 од новите Раптор мотори со погон од метан на СпејсИкс (SpaceX) ја носат ракетата во орбита и потоа безбедно се враќаат на површината за полетување во Кејп Канаверал, Флорида, спремно за друго полетување.

Анимација за тоа како би успеала мисијата на Марс. Заслуги: SpaceX

За да се стигне до Марс, едно летало би се лансирало со луѓето до орбитата на Земјата, потоа уште едно ќе го донесе горивото. Првото ќе се спои со второто, ќе го наполни со гориво основано на метан и тогаш патот до Марс може да започне. Првиот лет би се нарекол „Златно срце“, кажа Маск, како насетување на филмот Автостоперскиот водич за галаксијата.

Маск, во негов типичен стил, даде оптимистичен временски тек за првиот лет – за 10 години, околу 2026 или дури 2024.

Тој исто така најави и тераформирање на Марс, правејќи луѓето да можат да живеат на него без вселенски одела – иако не даде многу детали на неговите планови во врска со тоа освен што покажа уметнички приказ на тераформиран Марс.

Елон Маск го открива неговиот амбициозен план за праќање на милион луѓе за колонизација на Марс

Како би изгледал тераформиран Марс. Заслуги: Елон Маск/SpaceX

За да тргне планот, кажа дека SpaceX планираат да лансираат мисија до Марс (започнувајќи со неименувани мисии Црвен Змеј) во секој погоден прозорец за лансирање кон Марс започнувајќи со тој на 2018. Прозорецот е на секои 26 месеци, времето потребно за Марс и Земјата да се наместат за погодно лансирање.

Елон Маск го открива неговиот амбициозен план за праќање на милион луѓе за колонизација на Марс

Маск на конгресот. Заслуги: Елон Маск/ SpaceX

Тој кажа дека моментално околу 5 проценти од вработените на SpaceX работат на ИТС. На крај, тој планира да однесе милион луѓе до Марс, во вкупно 10.000 патувања преку 40 до 100 години. За патувањето до Марс да биде „забавно“ (кое ќе трае до 8 месеци), Маск кажа дека леталото ќе има игри без гравитација, ресторан итн…

Овие летала се исто така дизајнирани да се враќаат од Марс кон Земјата. Ако луѓето сакаат да се враќаат, Маск вели дека ќе можат.

Најимпресивното нешто е цената. Ракетата и леталото се дизајнирани да се користат повторно, градејќи од веќе успешните тестови на SpaceX, Фалкон 9. Моментално патување до Марс би чинело 10 милијарди долари од човек. Маск сака да го направи патувањето споредливо со купување куќа, отприлика 200.000 долари од билет, слична цена како кратките шест минутни орбитални летови планирани од Вирџин Галактик.

Елон Маск го открива неговиот амбициозен план за праќање на милион луѓе за колонизација на Марс

Изгледа импресивно, но дали ќе успее? Елон Маск/ SpaceX

Ако ова ви изгледа многу оптимистично, навистина е така. Нема сомнеж во тоа. Маск упорно сака да го демонстрира тоа дека сака да го направи ова. Тој вложува што повеќе од неговите пари колку што може, а земајќи предвид дека е мулти-милијардер, тоа не е малку.

„Не постои друга причина за јас да акумулирам богатсво, освен тоа да го направам најголемиот придонес што можам за тоа да го направам животот мултипланетарен,“ вели тој.

Елон Маск го открива неговиот амбициозен план за праќање на милион луѓе за колонизација на Марс

Леталото може да полета и слета од скоро секаде во Сончевиот Систем. Елон Маск/SpaceX

Тоа е дел од одговорот на поголемо прашање околу возбудата за ова. Зошто да нè интересира? Марс е мртов свет. Не можеме да живееме таму без вселенски одела или  значајна инфраструктура. Зошто да одиме таму?

Одговорот е едноставен. Маск со право вели дека луѓето во некоја фаза ќе наидат на настан кој може да ја уништи планетата, било астероид или друго сценарио кое може да уништи цела цивилизација. Ако не можеме да живееме на други светови, во опасност сме.

Со тоа на ум, Маск вели дека не сака да запре само со Марс. Вели дека ИТС може да спроведува патувања до други места, вклучувајќи ја Јупитеровата месечина Европа и Сатурновата месечината Енцелад.

Дали е возможно? Тоа е отворено за долга дискусија. Маск покажа инсерти од развитокот кој веќе се случува кон оваа цел, вклучувајќи ги Раптор моторите кои ќе дадат моќ на ракетата и големиот резервар за гориво кој ќе се користи во самото летало.

Елон Маск го открива неговиот амбициозен план за праќање на милион луѓе за колонизација на Марс

Дизајн за можниот изглед на резерварот за гориво. Елон Маск/SpaceX

Без сомнение има големи пречки за надминување. Како ќе преживее колонијата на Марс (ова не беше разјаснето)? Кој ќе сака да оди? Како ќе се справат со радијацијата (Маск вели дека тоа не е голем проблем)?

Ова се прашања кои ќе се разглобуваат во следните неколку денови, месеци и години. За сега, Маск вели дека неговата цел е да инспирира јавни и приватни компании да се  вклучат на неговата мисија. Сака соработка, сака помош. Ова е неговиот повик.

„Првите неколку патувања ќе бидат многу опасни, ризикот за фаталитет ќе биде висок.“ кажа Маск, додавајќи дека луѓе морат да бидат подготвени да умрат.

Судејќи според ентузијастичната публика, вниманието дадено од медиумите за овој настан и мотивацијата на Маск, не е невозможно да успее. Маск додаде како SpaceX се разви од скоро ништо во 2002 до неговата сегашна позиција како еден од водечките оператори за лансирања во светот.

Дали може навистина да започне колонија силна за еден милион на Марс? Времето ќе каже. Овој настан ќе се памети или слично како говорот на Џон Кенеди за одење на Месечината, или како приказна за што би можело да се случи.

Се надеваме на првата варијанта.

Превод: Јован Милосковски

Извор: IFL Science

Сподели.