Кометата Лавџој Q2 ја сликавме со два фотоапарати, широкоаголно, но не сме многу задоволни со резултатите. Кадрирањето не беше соодветно, опашот на кометата е подескпониран, а градиентот од светлосното загадување беше прилично голем. Исто така наидовме на проблеми при обработиме на фотографијата и се уште сме во потрага на соодветни решенија. Обработката на комети е една од потешките задачи во астрофотографија заради нејзиното движење во однос на ѕвездите.
Иако почнавме рано, мислев дека ќе ни застуди по подолго време поминато на отворено (и на 1300 метри надморска височина). Сепак, температурата не се спушти под 2 степени Целзиусови. Со работа завршивме околу еден часот по полноќ и додека ја спакувавме целата опрема ни требаше доста време, при што не фати 2 часот наутро.
comet
0
Сподели.



