Една мапа ја сумира штетата направена од движењето против вакцинација

0

Вакцините се едни од најневеројатните аспекти на модерната медицина. Тие можат да направат претходно смртоносни болести да исчезнат и да спасат безброј животи. Сепак, има веројатност да работат малку повеќе од што треба и нашата колективна меморија е премногу кратка за да се сеќаваме на разорните ефекти кои што овие болести ги предизвикале пред неколку декади. Во последно време, поради причини што не се базирани на наука или логика, многу родителни одбиле вакцинација на нивните деца. За жал, ова дозволи повторно засилување на болести кои лесно може да се контролираат. Советот за надворешни односи создаде интерактивна мапа која во детали го покажува резултатот на овие лоши одлуки.

Интерактивната мапа дава тура на глобални епидемии на сипаници, заушки, рубеола, детска парализа, и голема кашлица во 2008-2014. Овие болести, кои може лесно да се спречат со вакцини, може да имаат лоши последици. Се проценува дека 164,000 луѓе ќе умрат од сипаници секоја година, и се зголемува отпорот во Велика Британија. САД бележи драстично зголемување на голема кашлица, која предизвикува околу 195,000 смртни случаи годишно. Поголемиот дел од нив се во места кои немаат пристап до вакцини, но во региони како САД и Велика Британија, не би требало да постојат воопшто.

Но како почна тоа?

Во 1998 Ендру Вејкфилд објави истражување кое тврди дека ги поврзува вакцините за сипаници, заушки и рубеола со почеток на аутизам. Ниеден научник потоа не можел да ги потврди неговите истражувања, и во наредните години се дозна дека Вејкфилд имал финансиски конфликт на интереси. Во 2010, одбор за етичка ревизија откри дека тој ги фалсификувал податоците во неговиот извештај, што резултираше со повлекување на неговото истражување и одземање на неговата медицинска лиценца. Иако толку многу научници се против неговите „откритија“ уште од самиот почеток, некои пребрзо скокнаа на возот против вакцинација.

Меѓу оние кои го водеа нападот против вакцини беше Џени Мекарти, Плејбој зајачица која станала застапник на псевдонауката. Мекарти започнала да зборува против вакцините во 2007, бидејќи верувала дека тие го предизвикале аутизмот на нејзиниот син. Базирано на неговите симптоми, некои веруваат дека момчето има Ландау-Клефнеров синдром. Таа има напишано неколку книги (од кои една со предговор од самиот Вејкфилд) во кои континуирано тврди дека вакцините предизвикуваат аутизам и дека го излекувала својот син со алтернативна медицина, без ниту едно парче медицински докази. И покрај тоа што нема никакви научни докази да го поддржат мислењето дека вакцините предизвикуваат аутизам, таа останува со непроменето мислење. За жал, нејзиниот статус на ѕвезда ѝ дава можност да зборува без научни докази и да влијае на мислењето на многу родители против вакцинирање.

Секако, не постои ништо без ризик и можно е да има непосакувани ефекти од вакцините, но тие се неверојатно ретки. Некои луѓе не можат да бидат вакцинирани поради алергии или други медицински состојби. Тоа прави да е уште поважно оние кои можат да се вакцинираат да го направат тоа, и на тој начин да се создаде имунитет на популацијата, за на тој начин да бидат заштитени и најранливите членови на опшеството.

Превод: Андреј Симески

Извор: IFL Science

Сподели.