Статија во магазинот ,,Nature“ ја преврти  теоријата за ѕвездената еволуција наопаку

0

Оваа недела, ,,Nature“ објави статија која што и пркоси на ѕвездената еволуција. ,, Мислам дека во наредните месеци астрофизичарите ќе треба да ги повторат нивните пресметки.“ – изјави Жил Фонтен, професор по физика на Универзитетот Монтреал, и еден од авторите на на статијата насловена ,, Огромно кислородно јадро од сеизмичката картографија на пулсирачко бело џуџе.“

Главен автор на статијата е Ноеми Џиамишел, која го заврши нејзиниот докторат во 2016 под заеднички надзор на Фонтен и неговиот колега Пјер Бергерон кои и двајцата се коавтори на студијата заедно со уште 6 истражувачи. Податоците за студијата се собрани од вселенскиот телескоп Кеплер.

,, Успеавме прецизно да ја мапираме внатрешноста на пулсирачка бела џуџеста ѕвезда така што ја поделивме на два дела преку кои ќе го проучуваме нејзиниот состав.“ – кажа Џиамишел. Мапата покажала дека вибрациите на ѕвездата некогаш достигале сè до центарот.

Белите џуџиња се јадрени остатоци од речиси 97%  од ѕвездите во универзумот. Како што ѕвездите полека умираат, неизбежно ладејќи се во обликот на бели џуџиња, имаат периоди на нестабиност при кои вибрираат. Овие длабоки вибрации – или ѕвездотреси – се клучот до директниот поглед во внатрешноста на ѕвездените остатоци.

Од далечина од 1,375 светлосни години од Земјата, белото џуџе KIC08626021 емитира светлина што е едвај видлива од телескопите на Земјата. Кеплер, сепак, може да се фокусира на тоа во подолг период, што резултира со значително подетални слики. Бидејќи истражувачите од Монтреал успеале да пристапат до вселенскиот телескоп, авторите биле во можност внимателно да ја разгледаат оваа мала ѕвезда – со приближна големина на Земјата – и нејзините вибрации.

Речиси 300 експерти низ целиот свет се специјализирани за проучување на бели џуџиња. Првичната цел на Џиамишел е да ја потврди теоријата за оваа завршна фаза на животниот циклус на ѕвездата. Теоријата се покажа како точна, но набљудувањата на тимот доведоа до бројни изненадувачки откритија.

Поголемо јадро

Кога ја испитувале ѕвездата, која се наоѓала на рабовите на соѕвездијата Лебед и Лира, истражувачите откриле дека нејзиното јаглеродно – кислородно јадро е двапати поголемо од  досегашните претпоставки. “Ова е големо откритие кое ќе нѐ натера да го преиспитаме нашето гледиште на тоа како ѕвездите умираат”, рече Фонтен. “Тоа кажува дека мора да се истражува потемелно за да се потврди дали оваа опсервација важи и за други ѕвезди. Тоа може да биде само аномалија”.

“Мора да се обидеме да ги репродуцираме овие резултати со други небесни тела, пред да можеме да донесеме какви било заклучоци”, се согласи Џиамишел. Иако KIC08626021 беше првото пулсирачко бело џуџе идентификувано со телескопот Кеплер, оттогаш се откриени уште околу 60, додаде таа. “Имам доволно податоци за да ги поминам следните 20 години, анализирајќи ги еден по еден”.

Прекрасен метод

Новата статија е четвртата од Фонтен во магазинот “Nature“, еден од светските најдобри научни списанија, а нејзиното објавување затвора круг во неговата кариера. Во 1978 година професорот го набљудувал  потенцијалот за утврдување на внатрешната структура на пулсирачкото бело џуџе преку солидно разбирање на теоријата на ѕвездената еволуција. “Но, имаше уште долг пат”, се присетува тој. “Прво, немавме пристап до квалитетни слики, бидејќи терестријалните телескопи ни даваа многу непрецизни слики од овие тела, а потоа моравме да ги создадеме аналитичките алатки, софтверот итн. И последно, но не и најмалку важно, моравме да го најдеме вистинскиот човек да го следи ова водство “.

Фонтен го пофали неговиот поранешен студент, кој разви иновативен пристап за да ги постигне своите цели. Како апсолвент на политехника во Монтреал со магистратура по механички инженеринг, Џиамишел применува методи кои се користат за пресметување на аеродинамиката на авионските крилја до астрофизиката. “Верувам дека овој пристап е она што ни овозможи да се движиме напред”, рече Фонтен.

Од своја страна, Џиамишел е задоволна што еден од петте написи што ја сочинуваат нејзината докторска дисертација сега ќе стигнат до пошироката публика. “Она што сакам сега, во смисла на мојата кариера, е да продолжам да истражувам”, рече таа. “Тоа е она што ми се допаѓа најмногу: да пронајдам како да ги решам проблемите”.

Превод: Давид Симоновски

Извор: phys.org

Сподели.