Двобој помеѓу пулсар и околните астероди

0
Уметнички приказ на астероид кој се распаѓа. Извор: NASA/JPL-Caltech

Уметнички приказ на астероид кој се распаѓа. Извор: NASA/JPL-Caltech

Научниците открија интересен случај на мала ѕвезда, која по се изгледа е сериозно нападната од ударите на големи астероди.

Околината во која се наоѓа ѕвездата е навистнина сурова, со силна радијација и диви ветришта кои разнесуваат материја. Еден од камењата кои учестуваат во нападот има неверојатна маса од околу милијарда тони. Инаку, ѕвездата PSR J0738-4042 се наоѓа на 37,000 светлосни години од Земјата во соѕвездието Крма (Puppis) и е пулсар кој емитува радио зраци.

Во 2008 година научниците предвидоа сценарија за ваков случај кои се поклопуваат со она што го гледаме во овој конкретен случај. Па така, поради ударот од големите астероиди брзината на ротацијата на пулсарот се намалува, а со тоа и радио зраците кои ги детектираме од Земјата.

Радио зраците од пулсарот ги распрарчуваат околните астероди. Но, остатоците кои се наелектризирани влијаат и го менуваат процесот на емитување радио зраци. Астеродите околу еден пулсар најверојатно потекнуваат од експлозијата на ѕвездата од која настанал самиот пулсар и заедно со другата материја формираат диск од остатоци.

Друг ваков случај е дискот од прашина околу пулсарот J0146+61, од кој се очекува во иднина да се оформат поголеми астероди. Интересно е и откритието на две планети околу пулсарот PSR 1257+12, кое се случи во 1992 година. Но, за овие два објекти се претпоставува дека настанале на различен начин.

Прочитајте повеќе на: Evidence of an asteroid encountering a pulsar.

Извор: phys.org

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.