„Темните материјали“ на астероидот Веста сведочат за нешто егзотично – стари удари од помали астероиди на површината.
Темните нешта на посветлата површина ги збунувале истражувачите уште од нивното откривање во 2011 година, но нов тим вели дека открил серпентин во нив. Бидејќи тој минерал не може да преживее на температури поголеми од 400 Целзиусови степени, ова значи дека сценарија како вулкански ерупции не може да го предизвикале. Ова остава само можност од удари на помали астероиди.
На овие метеорити се видливи фрагменти од астероиди богати со јаглерод. Ударите морало да бидат бавни бидејќи астероид кој би удрил при голема брзина би предизвикал температури преголеми за постоење на серпентин.
Во предходно истражување научниците пресметале како темниот материјал би бил раширен на Веста како резултат на удар при мала брзина. Нивните резултати се конзистентни со дистрибуцијата на темниот материјал на работ од два големи басени направени од удари во јужната хемисфера.
Резултатите дошле од анализа на слики кои НАСА ги направила со вселенското летало „Зора“ помеѓу јули 2011 г. и септември 2012 г. Истражувачите ги рекалиблирале податоците и ги поддржале нивните резултати истражувајќи серпентин во лабораториски услови.
Превод: Максим Осман-Николов
Извор: Universe Today