Џуџестата планета Церера и астероидот Веста за прв пат фотографирани од Марс

0

Овие 2 тела што се наоѓаат во астероидниот појас помеѓу планетите Марс и Јупитер досега сме немале шанса да ги погледнеме на фотографија направена од Марс. За тоа виновен е роверот Кјуриосити кој веќе година и пол е на површината на Марс.

Овие 2 тела – најголемото (Церера) и третото по големина (Веста) – во астероидниот појас се мета на мисијата на НАСА Зора (Dawn). Сондата Зора веќе ја посети Веста и орбитираше околу тој астероид во 2011 и 2013, а сега веќе е на пат кон Церера каде треба да пристигне следната година.

Церера и Веста се појавуваат како кратки линии на 12 секундната експозиција која е направена со (Mastcam) камерата на роверот Кјуриосити на 20.04.2014. Фотографијата беше дел од експериментот за да се провери провидноста на атмосферата на марс ноќе, на локацијата каде што се наоѓа Кјуриосити. Таму во текот на овој период од Марсовата година може да се формираат облаци од мраз и измаглица. Главна мета таа вечер беа многу посветлите Месечини на Марс Фобос и Деимос, но за фотографијата да биде поинтересна тие одбрале период кога Деимос е во близина на Церера и Веста на небото.

Овие 2 тела се многу поголеми, но и подалеку од орбитата на Земјата за разлика од блиско-земните астеориди за кои НАСА почнува да развива нова иницијатива. Иницијативата се состои во 2 посебни, но поврзани активности: 1. Мисија за променување на траекторијата на астероид и 2. Големиот предизвик за барање на најдобрите идеи за барање на астероиди кои се потенцијално опасни дека може да удрат на Земјата. Многу повеќе се вложува труд на таа планетарна одбрана.

За првата активност веќе се развиваат концепти како да се се пренасочи астероид со помош на роботизирано летало, кое ќе биде напојувано од напреден соларно-електричен генератор. Со помош на тоа летало би се фател мал блискоземен астероид или пак би се отстранила поголема карпа од површината на поголем астеорид. Потоа леталото би го пренаосчило астероидот во стабилна орбита околу Месечината. Конечната фаза би била посета на астронаути, кои со помош на леталата Орион (кои се во моментов во изградба) лансирани на новите ракети (Space Launch System), би пристигнале на астероидот во орбита околу Месечината. Кога ќе пристигнат таму би земале примероци за проучување назад на Земјата.

Извор: Astronomy

Превод: Мартин Стојановски

Сподели.