Џиновска галаксија не престанува да расте

0

Најновите опсервации спроведени со Многу големиот телескоп (VLT) на Европската Јужна опсерваторија (ESO), открија дека џиновска галаксија наречена Месје 87 (Messier 87) проголтала цела галаксија со средна големина во текот на последните милијарда години. За првпат, тим од астрономи имаше можност да го следи движењето на 300 сјајни планетарни маглини, со цел да се најде јасен доказ од ова случување, но тој пронајде и доказ за постоење на вишок на сјај кој останал од галаксиите-жртви.

Астрономите претпоставиле дека галаксиите растат, така што ги голтаат помалите галаксии. Но, воглавно е многу тешко да се најде доказ кој ова ќе го потврди. Меѓутоа, сега тим од астрономи од Институтот за екстратерестријална физика, Макс Планк во Германија, применил доста итар набљудувачки трик, кој покажал дека блиската елиптична галаксија Месје 87 се споила со помала галаксија во текот на последните милијарда години.

Овој резултат директно покажал дека големите, сјајни структури во Вселената и понатаму растат. Месје 87 се наоѓа во центарот на галактичкото јато Девица. Таа претставува огромна топка од ѕвезди, со вкупна маса од милион милиони маси на Сонцето и се наоѓа на оддалеченост од 50 милиони светлински години.

Тимот од астрономи многу внимателно ги набљудуваше зрачењата во надворешните делови на Месје 87 и пронајде докази за постоењето на вишок од светлина, која потекнува од ѕвезди во галаксиите која е извлечена од неа. Набљудувањата покажале и дека помала галаксија донела многу млади, сини ѕвезди во Месје 87. Се претпоставува дека веројатно била спирална галаксија, во која се создавале ѕвезди.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Астрономски Магазин

Сподели.