Детектиран мистериозен сигнал – дали е од темна материја?

0

Додека го истражувале елементарниот состав на некои галактички јата, научниците од Центарот за астрофизика Харвард-Смитсон откриле невообичаена емисиона линија што се мачат да ја идентификуваат. Додека се чека потврда од други опсерватории, тие предложиле возбудлива идеја со која се објаснува овој мистериозен сигнал – може да доаѓа од распад на честичка темна материја.

Иако зафаќа околу 27% од Универзумот, научниците знаат малку за темната материја. Во контраст со нормалната материја, која сочинува околу 5% од Универзумот, темната материја не взаемнодејствува со електромагнетната сила. Ова значи дека не апсорбира, рефлектира или емитува светлина, па затоа е невидлива. Научниците знаат за нејзиното постоење само поради нејзиното гравитациско дејство врз видливата материја.

Тогаш, што е темната материја? Тоа е добро прашање. Научниците повеќе имаат разумна претстава за тоа што таа не е отколку што е. Тие не мислат дека е направена од бариони, како протоните и неутроните од кои е направен најголемиот дел од видливата материја. Исто така, прилично се сигурни дека не е антиматерија или големи црни дупки. Најшироко прифатената идеја е дека е направена од егзотични честички како слабо-взаемнодејствувачки масивни честички.

Додека е проблематично да се детектираат, за галактичките јата врзани заедно од гравитацијата се мисли дека се главната локација за забележување темна материја. Просторот меѓу галаксиите е полн со врел меѓугалактички гас што надминува температури од 10 милиони Келвини. Овој гас содржи разни потешки елементи како кислород, магнезиум, аргон и железо што се детектираат со набљудување на нивните емисиски линии на рентгенско зрачење. Научниците се заинтересирани за бројот на овие елементи бидејки тоа ни дава информации за бројот на супернова експлозии во различни галаксии бидејќи во овие настани се исфрлаат елементи во гасот. Исто така, се верува дека ова емитирање на рентгенски зраци на меѓугалактичкиот гас ни дава и траги на темна материја, но никој до сега не ги детектирал. Сега можеби сме блиску до подигањето на завесата пред оваа темна материја.

Додека го истражувале просечниот рентгенски спектар на 73 галактички јата научниците откриле слаба линија која не се совпаѓа со ниеден познат елемент. Исто така линијата била лоцирана во спектарски интервал што не се очекувало да има било какви својства.

Тимот претпоставува дека овој неиндетификуван сигнал може да е резултат на распад на долго бараната честичка на темната материја, наречена стерилно неутрино.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: IFLS

Сподели.