Делумно затемнување на Месечината 2016 низ фотографии

0

Делумното затемнување на Месечината го набљудувавме од плоштадот Македонија, на 16-ти септември 2016-та година. За време на ова затемнување, главната сенка (умбра) не ја покри Месечината и таа не беше делумно, ниту целосно затемнета на ниту една друга локација на Земјата. Ова се нарекува пенумбрално затемнување на Месечината и е потешко за набљудување затоа што засенетиот дел од Месечината е само малку потемнет од остатокот. Максимумот на затемнувањето беше во 20:54 часот. Погледнете како изгледаше ова затемнување низ објективите на неколку членови Скопското астрономско друштво.

Месечината, околу половина час по почетокот на затемнувањето. Опрема: Canon PowerShot SX 160 IS, експозиција: 1/80 sec, f/5.9, ISO 100. Заслуги: Марина Димовска

Месечината, околу половина час по почетокот на затемнувањето. Опрема: Canon PowerShot SX 160 IS, експозиција: 1/80 sec, f/5.9, ISO 100. Заслуги: Марина Димовска

zatemnuvanje_2

Композитна фотографија од делумното затемнување на Месечината, составена од 6 фотографии направени во период од 2 минути. Опрема: Nikon D7000 и објектив Nikon 400mm F2.8, експозиција: 1/80 sec, f/22, ISO 100. Заслуги: Александар Динев

Делумно затемнување на Месечината 2016 низ фотографии

Композитна фотографија од затемнувањето составена од 4 фотографии направени во период од 2 минути и 48 секунди. Опрема: Nikon D7000 и објектив Nikon 400mm F2.8, експозиција: 1/80sec, f/22, ISO 100. Заслуги: Александар Динев

Затемнувањето фотографирано од нас. Аеродром нешто пред максимумот, во 20:40 ч. Опрема: Canon 5D Mark II, Sigma 150-500, трипод; f9, 1/800 @ ISO 800. Заслуги: Боби Кузмановски

Затемнувањето фотографирано од нас. Аеродром нешто пред максимумот, во 20:40 ч. Опрема: Canon 5D Mark II, Sigma 150-500, трипод; f/9, 1/800 @ ISO 800. Заслуги: Боби Кузмановски

Делумно затемнување на Месечината 2016 низ фотографии

Фотографија од делумното затемнување на Месечината, 20:39 ч. Опрема: Canon PowerShot SX160 IS; експозиција: 1/500 sec. f/5.9 ISO 100. Заслуги: Марина Димовска

Делумно затемнување на Месечината 2016 низ фотографии

Споредба на изгледот на Месечината за време на затемнувањето (лево) и потоа (десно). Опрема: Nikon D7000 и објектив Nikon 400mm F2.8, експозиција: 1/80 sec, f/22, ISO 100. Заслуги: Александар Динев

За крај, погледнете ја оваа анимација која го објаснува пенумбралното затемнување на Месечината видливо од Скопје.

Текст: Марина Димовска

 

Сподели.