Уште од кога лугето почнале да гледаат кон небото, едно прашање го мачело колективниот ум – Како да знаеме дали се’ што гледаме е се’ што постои?
Декади астрофизико истражување почнувајки од XIXтиот век го воспоставија универзумот каков што го гледаме, кулминирајки со теоријата на „Големата Експлозија“. Сега знаеме дека универзумот е околу 13,8 милијарди години стар и е барем 150 милијарда трилион милји широк. Но, во последните години астрономите почнаа да размилсуваат околу една шокантна можност – дека универзумот кој можеме да го набљудуваме и во кој живееме, можеби е само еден од многу кој го сочинуваат космосот.
Доказите кои го сутерираат ова доаѓаат од неколку места – идејата за космичка инфлација, теоријата на струни, и постоењето на славната космолошка константна. Некои од концептите кои извираат од овие докази се многу контраинтуитивни. Сепак тоа не ги загрижува астрономите. „Целосно очекувам да вистинската природа на реалноста е чудна и контраинтиуитивна.“ вели космологот Макс Тегмарк од „Институтот за технологија при Масачусетс“ – „поради што и верувам во овие луди нешта.“
Идејата за повеќе универзуми или мултиверзуми предпоставува дека универзумот постои како џиновски сунгер. Секое балонче е различен универзум, како нашиот, кои постојат раздвоени од џиновски празнини меѓу нив. Кој е доказот за се ова?
Најпрво, мерењата на далечните супернови сугерираат дека експанзијата на космосот се забрзува. Второ, се повеќе докази го поддржуваат сценариото на инфлација во раната историја на универзумот. Трето, идеите за инфлација претпочитаат дека се случиле многу „Големи Експлозии“. Четврто, недамнештите концепти на теоријата на струни сугерираат постоење на универзуми од многу различни типови. Заедно овие идеи предпоставуваат дека е возможно ако не и веројатно дека повеќе универзуми од различни типови се формирале во минатото и коегзистираат во космосот кој може да го видиме.
Дури и без други универзуми астрономите знаат дека универзумот е поголем од тоа што може да го видиме со нашите телескопи. Хоризонтот на набљудување сега има распон од 14 милијарди светлосни години и ако го земеме предвид тоа дека далечните објекти се имаат поместено зад тоа што може да го видиме радиусот на сегашниот постоечки хоризонт е барем 40 милијарди светлосни години.
Прифаќајки универзум базиран на инфлација со големината која што ја гледаме, Џаума Гарига од Универзитетот на Барселона и Александар Виленкин од Туфтс Универзитетот предложија космос зачинет со бројни „О-региони“ – универзуми како нашиот што може да се набљудуваат. Дел од идејата е дека инфлацијата, хиперекспанзијата во раниот универзум, никогаш не запрела целосно. Има запрено каде што сме ние продуцирајки го нашиот О-регион и многу други, додека се’ уште трае во поголемиот дел од просторот. Ова создава концепт наречен вечна инфлација каде космосот за разлика од обична сфера е како сунгер со дупки кои се универзуми-балончиња.
Колку убедливо е ова за астрофизичарите? Темарк останува отворен – „Како научници…“ вели тој „…не ја тестираме генералната идеја за мултиверзумот. Ја тестираме инфлацијата – математичка теорија која го предвидува мултиверзумот и многу други работи.“ Виленкин гледа напред кон возбудливата иднина во која ќе научиме повеќе за мултиверзумите. „Правејки мерења во нашиот регион…“ вели тој, „…можеме да ги тестираме нашите претпоставки за тоа што лежи надвор од него“.
Превод: Максим Осман-Николов
Извор: astronomy.com