Дали сме подготвени за контакт?

0
Ова изучување укажува дека не сме подготвени за воспоставување на контакт со потенцијален вонземски живот. Заслуга José Antonio Peñas / Sinc

Ова изучување укажува дека не сме подготвени за воспоставување на контакт со потенцијален вонземски живот. Заслуга José Antonio Peñas / Sinc

Многу честа критика, која е насочена кон науката, се брзите одлуки за експериментирање, без претходно осознавање и размислување за потенцијалните последици кои би произлегле. Иако голем број на луѓе го држат ставот дека филозофските размислувања не припаѓаат во доменот на физиката, сепак постојат и оние кои велат дека научниците треба да ги разгледуваат повнимателно импликациите од нивните резултати.

Денешните невро-психолози како Габриел Торре од Кардиз Универзитетот, сомневаат дали има потреба од испраќање на сигнали од Земјата, од страна на астрономите, во потрагата по Вонземски живот.

Идеата дека можеби не сме сами во универзумот потекнува уште од времето на старите грци, околу петтиот век п.н.е, кога Демокрит претпоставил огромен бројка на светови кои би биле способни за живот.

Со основањето на НАСА, како и на другите вселенски организации во дваесетиот век, човечката раса започнала со истражување на соларниот систем, како и со активно барање на вонземски живот. Најамбициозното барање започнало во 1960 година, кога астрономот Франк Дрејк насочил радио телескоп кон две ѕвезди, слични на нашето Сонце и започнал со слушање за трага, или сигнал за интелегенција.

Оваа потрага на Дрејк претставувала инспирација за СЕТИ (Search for ExtraTerrestrial Intelligence-SETI) проектот на НАСА во 70-тите, кој до денес еволуирал кон соработката од милиони корисници на Интернетот, со цел да се процесираат добиените податоци од Арецибо обсерваторијата.

Додатно на ова пак, постои и “активен“ СЕТИ, повеќе познат како МЕТИ (METI-Messaging to Extra-Terrestrial Intelligence)—проект кој претставува обид за испраќање на пораки кон потенцијални Вонземски локации преку радио сигнали. Одредени астрофизичари, меѓу кои и Стивен Хокинг, веќе изразиле загриженост и предупредуваат за ризикот кон човештвото кој е имплициран од ова сценарио. Овие постапки претставуват можна покана на потенцијално опасни битија, кои би имале непознати намери. Опасноста дека контакт би се остварил со битија кои поседуваат понапредна технологија од нашата е секогаш тука.

Од овде потекуваат и прашањата дали ваква одлука може да биде донесена во име на целата планета. “Што ли би се случило ако успееме при воспоставување на контакт и дали сме подготвени за него?”, прашува Де ла Торре.

За оваа цел, Торре извршил анкета на 116 Амерички, Италијански и Шпански студенти. Анкетата вклучувала прашања поврзани со знаење од астрономија, религиски гледишта, како и мислењата за веројатноста и можноста за контакт со вонземски интелегентен живот.

Според Торре, резултатите укажуваат дека како раса, човештвото сеуште не е подготвено активно да контактира со претпоставена вонземска цивилизација. Студентите имале големи дупки и незнаења за астрономските концепти без разлика на модерниот, научен и технолошки напредок. Анкетата ја открива неподготвеноста кај студентите кои, повеќето, се потпираат на политички и религиозни идеи.

Торрен ги охрабурва СЕТИ истражвачите, да бараат алтернативни стратегии, се додека не дојде период кога општеството подобро ќе се подготви за ова сценарио. Тој напоменува дека мора да се зголеми просечното познавање на универзумот кај генералната популација, со цел да ги знаеме и согледаме сите можности и ризици, а со тоа да дојдеме и до подобра подготвеност преку најмоќната алатка која ја поседуваме: едукацијата.

Извор: Universe Today

Превод: Бојан Андоновски

Сподели.