Дали научниците ја пронајдоа досега најголемата карпеста егзопланета?!

0
Илустрација на Кеплер 10ц. Огромен кандидат за карпеста планета кој најверојатно ќе биде засенет од новооткирената БД+20594б. Извор: Harvard-Smithsonian Center for Astrophysics/David Aguilar

Илустрација на Кеплер 10ц. Огромен кандидат за карпеста планета кој најверојатно ќе биде засенет од новооткирената БД+20594б. Извор: Harvard-Smithsonian Center for Astrophysics/David Aguilar

Која е горната граница за големината на карпестите планети? Генерално се смета дека доколку планетата има над 1.6 пати од радиусот на Земјата, таа ќе се претвори во гасовит џин. Овие примероци ги нарекуваме супер-Земји, а оние помалите се карпести планети со големина на Земја, Марс итн.

Поради новото откритие можно е овие граници и криетериуми да мора да бидат прегледани и обновени. Астрономите велат дека пронашле карпеста планета голема колку Нептун. Станува збор за планетата со име БД+20594б, чиј радиус според проценките е 2.23 пати од радиусот на Земјата и има 16.3 пати поголема маса. Доколку се потврдат овие информации, ова ќе биде досега најголемата карпеста егзопланета која сме ја откриле.

Оддалечена е околу 500 светлосни години од нас и орбитата околу нејзината ѕвезда домаќин трае 42 денови. Научниците сметаат дека планетата најверојатно има карпест состав поради соодносот помеѓу нејзината маса и радиус од што може да се пресмета густина од 8 грамови на кубен сантиметар. Како за споредба на Земјата овој износ е 5.5. Сепак, неопходно е да бидеме претпазливи при потврдувањето на овие информации. На крајот, би можело да излезе дека станува збор за океанска, а не карпеста планета, но во никој случај не може да биде гасовит џин.

Планетата беше откриена од страна на познатиот вселенски телесоп Кеплер, како дел од неговата тековна мисија, К2. Потоа, направени се и дополнителни истражувања од опсерваторијата Ла Сила, Чиле.

Ова откритие ќе има значаен удел во унапредувањето на нашето знаење за егзопланетите. Друг потенцијален кандидат за огромна карпеста планета или мега Земја е Кеплер 10ц. Но, статусот во врска со составот на оваа планета е сеуште под знак прашалник, па затоа научниците веруваат дека новооткриената БД+20594б е најголемата карпеста егзопланета која ја имаме откриено.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.