Дали магнетните полиња на црните дупки привлекуваат посилно од гравитацијата?

0
Уметничка перспектива на црна дупка. Заслуги: НАСА/ ЈПЛ- Калтек

Уметнички приказ на црна дупка. Заслуги: НАСА/ ЈПЛ- Калтек

Често се споменува моќта на гравитацијата која е произведена од страна на црните дупки како резултат на густата распределеност на материјата во една локација. Но што се случува со магнетните полиња на црните дупки и какви се ефектите на ова поле? Ново истражување укажува дека силата произведена од овие магнетни полиња е моќна барем колку силата на гравитацијата кај супермасивните црни дупки.

Симулациите од магнетните полиња од гас кој е привлекуван од овие огромни објекти сугерираат дека, доколку гасот формира магнетно поле, ова дејство го зајакнува полето барем до степенот на силата на гравитација.

Магнетните полиња може да влијаат врз својства како што се количеството на озрачување од црната дупка (во радио фреквенција), како и моќта со која се оддаваат зраците од самиот сингуларитет. Научниците претпоставуваат дека забележувањето на светли млазови, кои доаѓаат од црните дупки, укажуваат кон силно магнетно поле.

Компјутерска симулација на гас (жолт) кој паѓа кон црна дупка и млазовите кои се оддаваат од сингуларитетот. Заслуги: Александер Чековски

„Изненадувачки, силата на магентното поле околу овие егзотични објекти е споредливо со магнетното поле кое е произведено од за нас познат извор – од машина за снимање на магнетна резонанца (magnetic resonance imaging (MRI)), која може да ја најдете во било која болница,“ произнесуваат од институтот Макс Планк за радио астрономија.

„Како супермасивните црни дупки, така и MRI машините произведуваат магнетни полиња кои се околу 10.000 пати појаки од магнетното поле на Земјената површина, истото поле кое ги насочува нашите компаси.“

Новите информации за јачината на магнетните полиња се базирани на неодамнешните активности на Very Long Baseline Array, која претставува вмрежена група на радиотелескопи во Америка. Поточно, информациите се добиени од програмот наречен MOJAVE (Набљудување на млазови од активни галактички јадри со VLBA експерименти), програм кој ги набљудува млазовите емитирани од стотици супермасивни црни дупки.

Истражувачите потенцираат дека се потребни повеќе истражувања со кои би се поддржале симулациите.

Извор: Universe Today

Превод: Бојан Андоновски

Сподели.