Дали гравитациските бранови остануваат мистерија?

0

За големото откритие на гравитациските бранови се пишува навистина многу, но последните денови се објавени и научни трудови, кои ги анализираат споменатите мерења.

Снимка од поларизацијата на Млечниот пат направена од телескопот ПЛАНК

На 17 март, научниците од проектот BICEP-2 (Background Imaging of Cosmic Extragalactic Polarization) објавија официјално на конференција на печатот дека најпосле е детектиран прв сигнал на гравитациски бран во историјата на науката. Ова откритие доколку влијае директно и на теоријата дека Вселената во еден краток интервал од својот живот нагло се забрзал и го зголемил својот волумен, авторите на оваа теорија би добиле Нобелова награда. Меѓутоа, по ова нивна објава, тимот истражувачи кои работат на проектот, се соочија со големи проблеми.

BICEP-2 е чувствителен радио-телескоп, кој е составен од 98 чувствителни детектори, кои се наоѓаат на Јужниот пол. Фреквенцијата на брановите кои се снимаат е помеѓу 100 и 150 ГХЗ (микробраново зрачење). Овој телескоп ја мери поларизацијата (ориентација на електричното поле на бранот) во простор, т.е. промените во зрачењето кое потекнало од времето кога нашата вселена станала доволно прозрачна да ги пропушти своите честици да отпатуваат на сите страни од видливата вселена.

Бидејќи денес се знае за постоењето на „вселенското позадинско зрачење”, кое е всушност „оладено” зрачење кое останало од времето на раната и врела вселена, тогаш BICEP мерењата добиваат на важност, затоа што директно снимаат многу чувствителни промени кои се случиле за помалку од една секунда по Биг Бенгот. Така би требало да изгледа сценариото, според тоа што го тврди модерната наука.

Проблемот е во тоа што шумот кој го има Вселената многу посилно зрачи од гравитацискиот шум. Исто така, уште многу други ефекти го отежнуваат мерењето, како галактичката прашина или зрачењето на силните радио – галаксии. Се поставува прашањето, како тогаш успеале да снимат нешто што потсетува на гравитациски бран?

Ефектот кои научниците го детектираа во овој случај е единствена особина на гравитациските бранови – да ја „соберат” Вселената во еден правец, така што изгледа дека е потопла на дадената мапа, а во другата насока го развлекуваат правецот, што на мапата е отсликана со ладните места. Теоријата на инфлација, која често се споменува во медиумите како одговорна за ваквото однесување, предвидува дека токму гравитаските бранови се одговорни што дошло до поларизација. Тешкотијата во анализата на овие ефекти е огромна, бидејќи се работи за разликите во температурите помали од илјадитиот дел од Келвин!

Извор: Б92

Превод: Петар Ивановски

Сподели.