Дали една месечина може да има своја месечина?

0

Да, можно е една месечина да има своја месечина и/или прстени, и има неколку места каде што научниците сметаат дека тоа е (или било) така. Сепак, месечините имаат тенденција да ротираат бавно, а тоа го отежнува процесот на месечевата месечина да најде стабилна орбита.

japet

Астрономите се сомневаат дека необичниот гребен на Сатурновата месечина Јапет можно е да бил формиран кога месечина или неколку прстени паднале на нејзината површината.

Во 2008 година, некои научници тврделе дека електромагнетниот детектор на вселенското летало Касини пронашол прстени околу месечината на Сатурн, Реја. Подоцна ова тврдење било отфрлено како неточно, но сепак некои научници сметаат дека трагите на екваторот на Реја се остатоци од антички прстен кој паднал на нејзината површината.

Јапет, исто така месечина на Сатурн, е најпознат по своите контрастни светли и темни хемисфери. Но, има и неколку други мистериозни карактеристики, вклучувајќи една испакнат дел што укажува дека некогаш оваа месечина ротирала многу побрзо отколку што ротира сега, како и екваторски планински венец. Некои научници предложиле модел што вклучува античка месечина околу оваа месечина, која можеби ги создала и двете карактеристики со тоа што почнала да орбитира навнатре кон Јапет, се додека не се распаднала во прстен.

Всушност, во повеќето случаи е невозможно месечината околу некоја месечина да биде стабилна подолго време затоа што скоро сите месечини ротираат еднаш за време на една орбита така што секогаш се свртени со истата страна кон нивната планета (добар пример е нашата Месечина). Ваквата бавна стапка на ротирање значи дека секој објект кој што орбитира околу месечината би орбитирал побрзо од неа, што би предизвикало тој објект да падне кон месечината по спирална патека (прстените не се засегнати од овој процес). Спротивно, повеќето планети ротираат брзо, така што нивните бавно-орбитирачки месечини безбедно и постепено орбитираат нанадвор (исклучоците, Меркур и Венера, немаат месечини, најверојатно поради истиот ефект).

Превод: Дефне Еминовска

Извор: astronomy.com

Сподели.