Дали астронаутите се религиозни?

0

За животот на астронаутите се смета дека се  знае речиси сè. За нив знаеме колку години имаат, каква музика слушаат, колку се тешки, колку деца имаат и сл.

Но, дали сте забележале дека никој од астронаутите не ја споменува својата духовна страна? Не било така отсекогаш.

Првото повикување на религијата датира од 12-ти април 1961 г. Тогаш, Јуриј Гагарин ја испиша историјата, станувајќи прв човек во Вселената. Во текот на летото, тој наводно изјавил дека не гледа никакви богови. Гагарин всушност бил религиозен и не рекол ништо поврзано за религијата тоа лето. Дури и подоцна, ја крстил својата ќерка во црквата, а се покажало дека споменатата изјава всушност била дадена од Никита Хрушчов, потпирајќи го антицрквениот став до советските власти, кои не трпеле никакви религии во својата земја.

Уште еден настан се случил три дена пред лансирањето на првиот Восход: комплетно првиот екипаж од мисијата бил оддалечен од лансирната рампа и заменет со друг екипаж, бидејќи било откриено дека мајката на еден од космонаутите е Еврејка.

Дали астронаутите се религиозни?

Православен свештеник дава благослов на ракетата Сојуз. Извор: Википедија

Следни „излети“ со верата во СССР веќе немало. Никој не сакал да си ја упропасти кариерата, поради своите верски ставови. И покрај тоа, се знаело дека Сергеј Королјев, еден од водечките астронаути во советската вселенска програма, посетува цркви и често прима причест. Но, без некои луѓе, едноставно не се може.

За разлика од своите советски колеги, американските астронаути немале никакви забрани во практикувањето на верата. На располагање имале дури и свештеници, вработени во НАСА, за да можат да ги исполнат духовните потреби на астронаутите.

Првото вистинско преминување на границата од Вселената е за време на Божиќ во 1968 г. Тогаш, Аполо 8, како прв вселенски брод со екипаж, пристигна во орбитата на Месечината. Екипажот го сочинуваа католик и двајца протестанти, кои прочитаа неколку реда од Книгата за настанувањето од Библијата, посакувајќи им Божиќ на жителите на Земјата.

При враќањето на Аполо 8 на Земјата, НАСА се најде тужена од еден атеист, обвинувајќи за мешање на религијата и секуларната држава.

Дали астронаутите се религиозни?

На Меѓународната вселенска станица отворено се слават верски обреди. Заслуги: НАСА

Првата мисија на Месечевата површина е и првата во која се практикувал верски обред на друго небесно тело. Баз Олдрин во тој период бил активен член на презбитеријанската црква. По слетувањето на Месечината, се причестил и помолил, но поради настаните по мисијата на Аполо 8, целиот случај со години останал скриен од јавноста.

Интересно е што Андерс (Аполо 8) и Алдрин (Аполо 11), денес отворено велат дека искуството од вселенскиот лет во голема мерка им ги променило мислењето и дека сега тие се чувствуваат како атеисти.

Следните мисии на Месечината, исто така, имале религиозен карактер: На месечината повеќе пати е носена Библијата – Џејмс Ирвин, член на мисијата Аполо 15, по враќањето од Месечината основал црквена организација „Хај Флај Фондација“ и неколку пати предводел експедиции на планината Арарат, барајќи ја арката на Ное. Но, сето ова повторно не излегло во јавноста.

НАСА значително го омекнала својот став во ерата на шатловите, па во една пригода, папата Бенедикт 15 разговарал со екипажот на леталото на Ендевор (Endeavor).

Денес, астронаутите, односно оној дел од астронаутите кој е религиозен, отворено ги слават верските празници во Вселената.

Денес, Меѓународната вселенска станица стана центар на собири на луѓе со различна култура и религија.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Znanost

Сподели.