Биле потребни 66 радио телескопи, распределени на 15 километри и погодно поставена галаксија, но научниците сега имаат видено региони на формирање ѕвезди одалечени над 11 милијарди светлински години во неверојатни детали. Ова откритие е толку важно што било објавено во осум трудови, секое разгледувајќи различни аспекти од откритието.
Кога сакаме да видиме како изгледа формирање на некоја ѕвезда денес, ние можеме да погледнеме во региони во нашата галаксија, како на пример маглината Орион. Но, постојат сомнежи дека процесот на формирање на ѕвезди бил различен во младиот Универзум. Овие примери се многу потешки за испитување.
Сепак, понекогаш природата ни помага, поставувајќи поблиска галаксија меѓу нас и таа која сакаме да ја набљудуваме, на тој начин што поблиската галаксија ја фокусира светлината од подалечната. Далечната галаксија SDP.81 има друга галаксија речиси совршено поставена да обезбеди ваков ефект. При овој процес, галаксијата која ја фокусира светлината исто така ја искривува сликата од тоа што е зад неа, но астрономите сега имаат ги имаат алатките потребни за да ги исправат искривените слики.
Превод: Денис Рајхл
Извор: IFL Science