Чудните работи кои им се случуваат на нашите гени во Вселената

0

Новите, прелиминарни резултати од истражувањето на НАСА со близнаци, велат дека престојот во Вселената ја зголемува ДНК метилацијата, која е одговорна за „вклучување“ и „исклучување“ на гените. Овие откритија се корисни за детерминирање на механизмите на клеточните процеси како и влијанието на престојот во Вселената врз човечкото тело.

Чудните работи кои им се случуваат на нашите гени во Вселената

Марк и Скот Кели. Заслуги: NASA/Robert Markowitz

Според главниот истражувач, д-р Крис Мејсон, генетската експресија драстично се менува веднаш при влезот во Вселената и тоа на ниво на илјадници гени, со продолжување на оваа состојба одреден период по враќањето на Земјата.

Уникатниот експеримент е изведен со помош на Марк и Скот Кели, кои се близнаци и  астронаути во НАСА. Скот Кели низ 2015 и 2016 помина 11 месеци во Вселената, додека на неговиот брат на Земјата му била доделана улогата на контролен примерок од НАСА.

Иако целосната студија сè уште не е објавена, некои од откритијата се веќе достапни. Во еден од овие трудови истражувачите велат дека теломерите на Скот Кели се издолжиле за време на неговиот престој во Вселената, во споредба со оние на Марк. Ова е спротивно на она што се очекувало. Спроед Мејсон ова истражување представува еден од најсеопфатните прегледи на човечката биологија и ги поставува темелите за разбриање на молекуларните ризици при вселенските патувања како и начините за нивна потенцијална превенција и поправка.

Истражувањето се фокусира на четири главни аспекти од човечката биологија: влијанието на микрогравитацијата врз физиологијата, промените во перцепцијата и расудувањето, влијанието на престојот во Вселената врз човечката микрофлора и генетските разлики меѓу Скот и Марк.

Оваа студија е дел од програмата за човечки истражувања на НАСА, која се фокусира на развој на најдобрата технологија за обезбедување на што побезбедни услови за престој во Вселената.

Превод: Максим Осман-Николов

Извор: IFL Science

Сподели.