Чуден астероид бил пронајден во надворешниот Сончев систем кој не би требало да биде таму

0

Астрономите велат дека имаат детектирано астероид зад орбитата на Плутон кој што е на погрешно место. Иако чудно, ова би можело да ни каже повеќе за нашите почетоци.

Наречен 2004 ЕW95, овој астероид е посебен по тоа што е богат со јаглерод – првата ваква карпа пронајдена на толку голема далечина од сонцето. Се претпоставува дека се има оформено во астероидниот појас помеѓу орбитите на Марс и Јупитер, пред астероидот да биде однесен надвор кон неговата моментална локација, Кајперовиот појас.

Астероидот беше проучуван од страна на тим кој го користеше вселенскиот телескоп Хабл и Многу Големиот Телескоп во Чиле. Тие ја набљудуваа светлината која се одбива од астероидот за да направат споредба на оваа карпа со другите објекти во Кајперовиот појас (KBOs). Нивните откритија беа објавени во статија во Писма на Астрофизичкиот Журнал.

“Спектарот на рефлектирање на астероидот 2004 EW95 беше доста различен од другите набљудувани објекти во надворешниот Сончев систем.” Изјавува водечкиот автор Том Секјул од Квинс Универзитет, Белфаст во Обединетото Кралство. “Изгледаше доста чудно така што ни го привлече вниманието да погледнеме одблиску.”

За 2004 EW95 се смета дека се наоѓа на далечина од 300 километри низ, иако орбитира 4 милијарди километри одалечен од Земјата. Ова го направи неговото проучување доста потешко кое е опишано како набљудување на огромна планина од јаглен наспроти црно небо.

Откривањето на овој астероид е од голема важност бидејќи ни дава доказ за еден од клучните теории за формирањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години.

Се смета дека огромниот гас поминал со неконтролирана брзина низ младиот систем, предизвикувајќи карпести тела да бидат исфрлени и однесени кон надворешните делови.

Моменталната орбита на астероидот, прикажана со црвено што сугерира дека бил исфрлен од внатрешниот сончев систем. Заслуги: ЕСО/Л Калкада

Пронаоѓањето на астероид богат со јаглерод како овој ја поддржува оваа теорија, затоа што е доста различен од другите објекти во Кајперовиот Појас. Тоа што астероидот содржи специфични оксиди од железо исто така сугерира дека бил првично оформен во внатрешниот Сонев систем пред да пронајде нов дом во ледените надворешни делови.

“Додека претходно имаше некои наговестувања за атипичен спектар на објекти во Кајперовиот појас, никој од нив не беше потврден на ова ниво.” Вели Оливер Хејнат во изјава, астроном од Јужно Европската опсерваторија кој не беше дел од тимот.

“Откривањето на ваков јаглероден астероид во Кајперовиот појас претставува клучна верификација на едно од фундаменталните предвидувања за динамични модели на раниот Сончев систем.”

Превод: Анастасија Младеновска

Извор: IFLScience

Сподели.