Чија е Месечината?

0
Чија е Месечината?

Не заборавајте да си побарате и фискална сметка. Извор: Niall Carson/PA

Без разлика дали е за енергетски потреби, туризам или минирање, секогаш има разумна причина за освојување на Вселената. Некои научници веруваат дека иднината на човештвото зависи од колонизацијата на небесните тела како Марс или Месечината.

Месечината е веќе на продажба и цената кај дилерите се движи од 16.75 фунти за еден акр. Големи претпријатија, богати бизнисмени, па и некои политичари веќе ја меркаат Месечината како неискористен ресурс. Русија има планови за испраќање на човечка колонија до 2030 година, а една компанија од Јапонија сака да изгради прстен од соларни панели околу сателитот и да ја насочува енергијата назад кон Земјата.

Месечева база, замислена според НАСА во 70-тите. Извор: НАСА

Мора да бидеме многу внимателни со овие активности. Неопходно е да се регулираат препродажбите на имот на Месечината бидејќи во спротивно може да настанат конфликти од големи размери. Најпрво, ќе мора да се разрешат законите за поседување и суверенитет. Дали воопшто ќе може да се поседува нешто во Вселената и до кои размери би важеле истите закони?!

Во 50-тите САД лобираа за прогласување на небесните тела и простор како јавна сопственост. Така, воздушниот простор над Советскиот Сојуз станал отворен за САД, што било од стратешка важност за време на Студената војна. Со ова се забранило и прогласување суверенитет над било кој дел од Вселената. Останало и сè уште е дискутабилно приватното сопствеништво над Вселената, бидејќи овој дел никогаш не бил воведен во законите и договорите. Така, бизнисмените како Денис Хоп од корпорацијата Лунарна Амбасада вели дека постои дупка во законот која им овозможува на граѓаните да прогласуваат сопственост над Месечината. Повеќето од адвокатите во оваа област не се сложуваат и велат дека забраната е важечка и за приватниот сектор.

Но, сите овие аргументи се теоретски и всушност ако некој отиде и го окупира местото каде никој друг не може да пристапи ниту да го користи тој фактички ќе стане и негов сопственик.

Moon Estate.

Ова е воедно уште една причина зошто не може да се прогласи сопствеништвото – никој всушност не е присутен на Месечината.

Физичката посета на вселенските објекти е тешко изводлива, што е на страна на законот против сопствеништво. Но, сепак технологијата успева да го надмудри законот. Па така, во 90-тите фирмата SpaceDev планираше да испрати робот на еден астероид и да го прогласи за своја приватна сопственост. Проектот наскоро снема финансиски средства па така не дојде до овој случај. Дел од адвокатите посочуваат дека овде постои навистина голем проблем бидејќи имаме примери на компании кои откако ќе испратат истражувачки сонди длабоко под нивото на водата, го прогласуваат просторот за свој. Па така, ако подводна сонда со камера е доволна за да се заземе претходно јавно добро, зошто да не биде тоа случајот и со вселенските објекти кои не се под нечија сопственост?!

Иако сопственоста врз Месечината или Марс е официјално забранета, сосема различен е случајот со присвојување и искориствување на природните ресурси во Вселената, за истражувачки или други цели. Не може да се изостави фактот дека во случајов постојат сличности кои нè носат назад во времето на колонизациите на Америка.

Да се надеваме дека интернационалната заедница ќе дојде до писмен, официјален и комплетен договор пред да се усложнат работите и секако пред да излезат од контрола.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.