Објектот кој е поврзан со траекторијата за удар на Mесечината е дел од кинеска ракета, а не Фалкон-9

0

Ажурирање на веста за напуштениот дел од ракетата кој ќе удри на Mесечината:

Од Џеф Фауст – 13ти февруари 2022

Лонг Марш 3Ц

“Лонг Марш 3Ц” го лансира “Чанг’е-5 Т1” леталото во октомври 2014. Се смета дека горниот дел од лансираната ракета е објектот кој ќе удри на далечната страна од Mесечината во март. Кредит: Шинхуа

ВАШИНГТОН – Станува збор за погрешен идентитет на тело во вселената. Искористениот дел од ракетата кој ќе удри на далечната страна од Mесечината во март, сега се поврзува со кинеската ракета лансирана во 2014, а не од ракетата на СпејсЕкс лансирана во 2015, притоа прикажувајки ја тежината за следење на објектите надвор од земјината орбита.

Астрономот Бил Греј на 21ви јануари објави дека објект наречен WE0913A има траекторија која би водела кон удар на Mесечината на 4ти март. Греј претходно го идентификуваше објектот WE0913A како дел од лансираната Фалкон-9 ракета. Делот беше во хаотична орбита во цислунарниот простор (подрачјето надвор од земјината атмосфера и заштита, малку подалеку од месечевата орбита, вклучувајки ја и Лагранжовата Точка, понекогаш се нарекува цислунарен простор https://hr2.wiki/wiki/Outer_space#Cislunar_space ).

Претстоечкиот удар привлече внимание од светски размери и во некои случаи предизвика критики кон СпејсЕкс за “фрлање отпад” на Mесечината. Се очекува предметот да падне близу Херцшпрунг кратерот на далечната страна на Mесечината, далеку од било кој простор каде што слетале летала и ќе создаде кратер широк околу 20 метри.

Сепак, Греј ја ревидираше идентификацијата на WE0913A на 12 февруари. Тој кажа дека ги поврзал критичниот објект со делот од Фалкон-9 од 2015та и според таа пресметка делот прелетал близу Mесечината кратко после лансирањето. Но тој вели дека бил информиран дека ДСЦОВР не прелетал близу Mесечината,така што, ова не би можело да биде истото тело кое прелетало.

Во приказната подобро се вклопува кинеското “Чанг’е-5 Т1” летало закачено на “Лонг Марш 3Ц” лансирано во октомври 2014. Тоа летало со делот за кој зборуваме прелетало близу Mесечината неколку дена откако било лансирано во орбита која се поклопува со очекуваната транслунарна траекторија.

“Во извесна смисла ова останува да биде само мала потврда во овие околности. Но јас би ја сметал како прилично убедлива потврда. Така, јас сум убеден дека објектот кој ќе удри на Mесечината на 4ти март 2022ра, во 12:25 по утц(13:25 по локално време), е всушност делот од Чанг’Е5-Т1 ракетата” напиша Греј.

Превел Миро Брандјолица

Извор и текстот во целост на англиски на: spacenews.com

Сподели.