Бизарни снежни облици на местата каде паѓаат метеоритите

0
Бизарни снежни облици на местата каде паѓаат метеоритите

Снег во облик на моркови. На десната фотографија се ставени и очила за сонце за споредба. Извор: C. Lorenz

Наместо кратери, кога метеоритите паѓаат на снегот настануваат форми кои наликуваат на снежни моркови.

Рано изутрина во февруари 2013 година беше забележан метеор во близина на планината Урал во западна Русија. Метеорот со дијаметар од дваесетина метри се распарчил во атмосферата на мали парчиња. Неколку дена подоцна биле собрани 450 мали парчиња метеорити во предел од околу 40 километри. Повеќето од нив се наоѓале во чудно обликувани дупки во снегот. Поголемите парчиња биле пропаднати до 70 сантиметри во снегот, а помалите биле заглавени во т.н. снежни моркови, на врвовите, каде биле опколени со густа обвивка од зрнест снег. Има две главни претпоставки за причината за создавање на овие снежни фигури. Или снегот се зацврстил од ударот или пак топлите метеорити предизвикале делумно топење на снегот.

Според студиите неколку секунди по експлозијата на метеорот кај Челјабинск, парчињата изгубиле 90% од масата и се нивната брзина се намалила до 2 километри во секунда. По неколку минути слободен пад, тие удриле во снежната површина со брзина од 28 до 74 метри во секунда. Според симулациите остатоците од меторот до тогаш би имале доволно време за да се оладат и да дојдат до атмосферската температура (околу -20 Целзиусови степени). Што значи дека создавањето на овие фигури е предизвикано од механички сили. Како што влегувале низ снегот истуркувале дел од материјата нанадвор, формирајќи кратери со облик на морков или корнет. На мекиот снег до и под парчињата метеорити му се зголемува густината и до 18% поради брзината на ударот. Со подлабокото продирање на парчињата низ снегот тие успоруваат и се формира обликот на корнет.

Времето помеѓу сите овие фази е 2 милисекунди.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.