Барање на преживеана ѕвезда по експлозија на супернова

0

Група астрономи, користејќи го телескопот Хабл, го проучиле остатокот од експлозијата на суперновата од типот SNR 0509-68.7, позната и како N103B, (сликата подолу, во горниот дел на средина). Остатокот од суперновата се наоѓа во Големиот Магеланов Облак, на само 160.000 светлински години оддалечена од Земјата. За разлика од многуте други супернови, N103B не изгледа сферично, туку многу елиптично. Астрономите сметаат дека дел од материјата кој е отфрлена по експлозијата се судрил со густиот облак на меѓуѕвездената материја, што го забавила отфрлениот материјал. Обвивката на материјалот е отворена од едната страна, што укажува на погоре изнесените идеи.

Барање на преживеана ѕвезда по експлозија на супернова

Остаток од суперновата N103B. Извор: http://www.spacetelescope.org

Поволната, релативно блиска положба на остатокот на суперновата N103B, им овозможи на астономите подетално да ја проучат еволуцијата на ѕвездата, како и да решат неколку клучни прашања поврзани со суперновите од овој тип. Овој асполутен сјај на суперновата им овозможува на астрономите за одредување на нивната оддалеченост, како алатка во проучувањето на Вселената. Астрономите претпоставуваат дека суперновата од типот Iа се јавува во двојни ѕвездени системи, кај кои барем една компонента е бело џуџе.

Во моментов, постојат две теории како од двоен систем настануваат супернови. Проучувањето се заснова на една од нив која фрла ново светло на N103B и во суштина претставува барање на остатоци на експлозии на супернови.

Теориите претпоставуваат дека двете ѕвезди во двојниот систем биле бели џуџиња. Доколку дојде до судир на овие две бели џуџиња, доаѓа до супернова од типот Iа.

Според другата теорија, само една ѕвезда во двојниот систем претставува бело џуџе, додека другата ѕвезда е нормална. Оваа теорија вели дека материјалот од придружникот на белото џуџе преоѓа во диск на акреција, сè додека не ја достигне границата што доведува до експлозија на супернова. Досега, ниедни набљудувања не ја потврдиле оваа теорија, односно по експлозијата на суперновата од типот Iа, не е пронајден ниту еден остаток кој би укажал на постоење на друга ѕвезда – придружничка на ѕвездата која згаснала во експлозијата.

И најпосле, астрономите успеаја да откријат еден кандидат кој ги задоволува бараните својства според типот, температурата, сјајот и далечината од центарот на експлозијата на суперновата. Оваа ѕвезда има маса приближна на масата на Сонцето, но таа е обвиена со обвивка од врел материјал, кој веројатно бил отфрлен со текот на времето, но пред да се случи експлозијата во системот.

Иако пронајдената ѕвезда е добар кандидат за преживеан придружник на N103B, ќе мора да помине низ дополнителни спектроскопски набљудувања, за да добие конечна потврда и ова истражување е во тек.

Превод: Петар Ивановски

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.