Астрономите штотуку најдоа 300 000 скриени галаксии само во едно мало делче од небото

0

Универзумот само што стана се’ понатрупан поради откритието на повеќе од 300 000 потенцијални галаксии во една мала област од северното небо.

Објавувањето на податоците преберени од радио интерферометарот на ниски радио фреквенции, телескопот LOFAR во Европа, придонесе до нови нивоа на детали во мапата на радио бранови низ космосот, инспирирајќи десетици научни трудови на разни теми од магнетни полиња до црни дупки.

Во вакви моменти треба да бидеме благодарни на релативната заслепеност кон зрачењето на ноќното небо – барем доколку сакаме да спиеме навечер. Невидливи за човечкото око, Универзумот е всушност запален со бранови со мала фреквенција кои се јавуваат како резултат забрзувањето на честиците и електромагнетните полиња.

За мерење на тој радио шум е потребна многу осетлива опрема. LOFAR, кој се состои од 20 000 антени низ 48 станици во Холандија и пошироко, е исто како да имате огромно око на површината на нашата планета, кое гледа радио бранови.

Покрај многуте задачи е и интензивното истражување на електромагнетни бранови со фреквенции од 120 до 168 мегахерци на северното небо, за кои се очекува да обезбедат нови информации за разновидни астрономски феномени со слаб сјај.

До сега само околу 20 проценти од истражувањето е завршено, а сите тие податоци, само околу 10 проценти се достапни за научниците ширум светот. Можеби ова и не звучи како да е многу, но за нив ова е можност да научат повеќе

Списанието Astronomy and Astrophysics штотуку објави 26 студии засновани на овие податоци, покривајќи ги областите за квазари, блазари, црни дупки и интергалактички електромагнетни полиња.

Едно од големите откритија во мозаикот од 325 694 точки каде сјајот од радио бранови пораснува дури и до пет пати од позадинскиот шум. Околу 70 проценти од нив одговараат на оптички сигнал, па можеме слободно да кажеме дека овие светли точки претставуваат галаксии кои слободно можеме да ги додадеме во нашата космичка мапа.

Не е тајна дека галаксиите со доволна големина често имаат огромни црни дупки кои проголтуваат се’ што им е на дофат со таква порочност, што повраќаат млазови од материја која зрачи во радиобрановиот електромагнетен спектар. Останува нејасно само колку е строго ова правило и дали некогаш овие јадрени црни дупки ќе го завршат јадењето од својата чинија.

Овие нови податоци помагаат да ги убедат научниците дека овие чудовишта имаат немилосрден апетит.

“LOFAR има извонредна осетливост, а тоа ни овозможува да видиме дека овие млазови се присутни во сите најмасивни галаксии, што значи дека нивните црни дупки никогаш не престануваат да јадат,” вели астрофизичарот Филип Бест од Универзитетот во Единбуру.

Одредувањето на точните локации на новите галаксии не само што ни помага да ја разбереме нивната внатрешна градба, туку и претставува драгоцена алатка за разбирање на огромната празнина помеѓу нив.

Вообичаено, радио брановите настануваат како резултат на турбуленцијата од судирите помеѓу галаксиите.

„Тоа што почнуваме да го гледаме со LOFAR е тоа што во одредени случаи, галактичките јата кои не се спојуваат, исто така емитираат радио бранови, но во многу мали количини кои претходно не можевме да ги детектираме,“ вели астрофизичарката Аналиса Бонафеде од Универзитетот во Болоња.

„Ова откритие ни кажува дека покрај спојувањата, постојат и други феномени кои предизвикуваат забрзување на честички од огромни пропорции.“

Abell 1314

Галактичкото јато Abell 1314 сликано со LOFAR. Сивите предели означуваат видлива светлина, додека портокаловите нијанси одговараат на ‘скриените’ радиобранови емисии.

Извонредната чувствителност на LOFAR беше од голема помош на истражувачите да го детектираат слабото магнетно поле за кое се претпоставуваше дека постои во интергалактичкиот меѓупростор, но беше тешко да се детектира се’ досега.

„Магнетните полиња проникнуваат насекаде низ вселената и ние сакаме да разбереме како настануваат,“ вели астрономот Шејн О’Сулван од Универзитетот во Хамбург.

Огромните магнитуди на податоци приберени од истражувањата како ова, бараат нови начини за обработка на информации кои не само што се временски ефикасни, туку и не бараат многу моќност.

Организацијата за менаџирање на големи податоци, SURF, моментално чува повеќе од 20 петабајти податоци само од LOFAR, што е повеќе од половина од вкупните податоци.

„Заедно со SURF во Холандија, работиме на ефективно претворање на масивните количини од податоци во висококвалитетни слики,“ вели космологот Тимоти Шимвел од Холандскиот Институт за Радио Астрономија и Универзитетот Леиден.

Процесите и технологијата на SURF ја прават релативно кратка работата на претворање на броевите во нешто што можат да го искористат повеќе различни тимови од истражувачи. Уште повеќе, работи на 100% обновлива енергија.

Ова е само почеток. Уште голем дел од небото треба да се открие, што би резултирало со околу 15 милиони нови извори на радиобранови емисии, а голем број од нив датираат уште од почетокот на Универзумот

Истражувањето на небото со помош на LOFAR има светла иднина.

Превод: Теодор Ангеловски

Извор: sciencealert.com

 

Сподели.