Астрономите ја открија најблиската планета со можност за живот на само 14 светлински години од нас

0
На б е прежешко, а на д е многу студено, но затоа на Wolf 1061c може да има поволни услови за живот бидејќи се наоѓа во рамките на поволната зона. Ова може да биде најблиската планета надвор од Сончевиот систем на која има можност да се открие животот. Извор:universesandbox.com.

На b е прежешко, а на d е многу студено, но затоа на Wolf 1061c може да има поволни услови за живот бидејќи се наоѓа во рамките на поволната зона. Ова може да биде најблиската планета надвор од Сончевиот Sистем на која има можност да се открие живот. Извор: Universesandbox.com.

Откриени се три планети на оддалеченост од 14 светлински години од нас. Планетите орбитираат околу црвеното џуџе Волф 1061. Според орбитите, на една од нив се наоѓа вода во течна состојба, а со тоа и можност за живот. Oваa планета е досега најблискиот кандидат од оваа категорија.

Ѕвездата е од типот М и има четвртина од масата на Сонцето, помалку од стотинка од неговата светлина и на ноќното небо може да се забележи со мал телескоп. Најоддалечената планета во овој систем орбитира околу ѕвездата за 67.3 денови (пократко околку Меркур), но сепак топлината која ја добива е помала од онаа на Марс. Највнатрешната ѕвезда орбитира за 4.9 денови и на неа поради жештината нема никакви услови за живот.

Затоа пак, планетата Волф 1061c се наоѓа на одлична орбита, во рамките на зоната поволна за живот. Нејзината маса е 4.3 од Земјината, веројатно е карпеста и орбитата и е долга 17.9 денови. Според ова научниците можат да предвидат дека на неа има просечни температури слични како на Земјата. Се претпоставува дека планетата е закочена, односно дека една од страните е секогаш насочена кон ѕвездата, а на другата владее темнина. Помеѓу, може да постои дел каде се владеат просечни температури. Оваа појава дополнително го комплицира и отежнува развивањето на животот. Но, сепак ова се сè уште само претпоставки.

Така, на пример, пред три години беа објавени докази за присуство на пет планети околу најблиската ѕвезда слична на Сонцето, Тау Цети. Овој систем е две светлински години поблизок од Волф 1061. Но, за жал подоцна се увиде дека овие планети, дури и ако се навистина постоечки, сепак се неповолни за развој на животот.

Волф 1061 е стабилна ѕвезда со бавна ротација, па така при потрагата за планети во овој случај се елиминира бучавата која понекогаш знае да ги попречува сигналите. Понатаму, се претпоставува дека станува збор за многу стара ѕвезда токму поради бавната ротација. Следен чекор при истрагата на овој систем е со помош на телескопи да се утврди дали било која од овие планети проаѓа пред ѕвездата, гледано од Земјата. Со ова ќе се открие повеќе и за нивната големина, маса и атмосфера.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.