Астрономите имаат нова теорија за ѕвездата-вонземска структура

0

Чекањето заврши. Конечно, денес можеме ексклузивно да откриеме дека мистеријата позади таканаречената „ѕвезда – вонземска структура“ е решена. Да, дами и господа, тоа беа вонземјани, и си имаат и тоа каква мегаструктура.

Само шега – но знаеме дека сите го сакате тој одговор. Па, жал ни е што ве разочаравме, но ново истражување во arXiv го објаснува необичното однесување на оваа ѕвезда без во тоа да бидат вклучени вонземски суштества. Многу поверојатно е дека делчето што недостига во оваа сложувалка е прстенест џин, налик на Сатурн.

Астрономите имаат нова теорија за ѕвездата-вонземска структура

Не, не се работи за планета која се распаѓа, но тоа не е далеку од вистината! Заслуги: NASA/JPL-Caltech

Прво, мало повторување за неинформираните. Ѕвездата на Таби е именувана по д-р Табета Бојаџиан, која прва го забележа и документира чудното однесување на ова небесно тело, така што во 2015 забележа дека нејзиниот светол иден соименик постојано претрпувал необјасниви, значителни затемнувања.

Ова покажало дека едно од две нешта се случува. Или некој внатрешен процес го предизвикувал непредвидливото затемнување, или нешто хаотично се движело пред ѕвездата. Вообичаено, вакви затемнувања се знак дека некоја планета се движи во регионот на набљудување меѓу Земјата и ѕвездата, но планетите имаат регуларни орбити, а овие затемнувања навидум се случувале произволно.

Речиси веднаш, академиците, медиумите и јавноста почнаа да предлагаат низа од можни сценарија, кои се движат од разумни (самоуништувачко јато од комети) до просто неверојатни (вонземска мегаструктура).

Бројот на комети потребни за да се објасни оваа појава е апсурдно голем – број за кој се мисли дека е практично невозможен. Исто така, феноменот не може да се објасни како променлива ѕвезда, односно ѕвезда чиј интензитет природно се менува со текот на времето, бидејќи набљудувањата покажуваат дека ова е стабилна основна ѕвезда, која би требало да покаже само мали промени во интензитетот, за разлика од големите промени кои ги имаме видено досега.

Астрономите имаат нова теорија за ѕвездата-вонземска структура

Дали виновникот е прстенеста џиновска екстрасоларна планета? Заслуги: Nostalgia for Infinity/Shutterstock

Па, што всушност се случува? Еден тим од Универзитетот во Антиоквија, во Колумбија, мислат дека ја имаат најдобрата идеја досега: причината е прстенеста планета, со мал пресврт.

Користејќи серија математички симулации, тимот пресметал дека ако прстенест гасовит џин орбитира блиску до планетата, тој би произвел значајни и неправилни затемнувања на ѕвездата. Искршената маса од камења, прашина и мраз прво би го пресекла патот на ѕвездата, па самата планета, па прстените.

Само ова не ја објаснува целосно произволната природа на овие затемнувања. Моделите на тимот откриваат дека, со тоа што е толку блиску до Ѕвездата на Таби, огромната гравитациска сила би предизвикала планетата да се тресе неправилно – и овој детал докрај би го објаснил чудниот светлински шаблон на оваа ѕвезда.

Дали се 100 проценти сигурни дека токму ова е тоа што се случува? Се разбира дека не – но е интересна нова идеја; идеја која чека да биде разглобена како и другите.

Превод: Јоаким Јаковлески

Извор: IFL Science

Сподели.