Астрономите го создадоа првиот реален виртуелен Универзум користејќи компјутерска симулација наречена Илустрис. ,,До сега, ниедна симулација не беше способна да го репродуцира Универзумот на ваков начин” – вели водечкиот автор Марк Вогелсбегер, кој го спроведе истражувањето во соработка со истражувачи од неколку институции, вклучувајќи го институтот Хајделберг во Германија.
Претходните обиди да се симулира Универзумот беа попречени од недостатокот на компјутерска моќ и комплексноста на физиката. Така овие програми или беа ограничени во резолуција или принудени да се фокусираат на мали делови на Универзумот.
Илустрис e софистицирана компјутерска програма за повторно да ја создаде еволуцијата на Универзумот со голема точност. Тоа ги вклучува и двете, нормалната и црната материја, користејќи 12 милијарди 3D ,,пиксели“ или резолуциски елементи. Тимот посветил 5 години во развивање на програмата Илустрис. Компјутерската симулација почнува само 12 милиони години по Биг Бенг. До времето додека симулацијата го достигне денешниот ден, научниците изброија повеќе од 41 000 галаксии на коцката на симулираната Вселена. Илустрис даде мешавина од спирални галаксии како Млечниот Пат и елипсоидни галаксии. Исто така пресоздава структури со големи размери како галаксиски јата и празнини во вселенската пајажина. Така, тој прецизно ги пресоздаде хемиските процеси на поединечните галаксии.
Бидејќи светлината патува со непроменета брзина, колку астрономите погледнат подалеку, толку наназад во времето можат да видат. Галаксија една милијарда светлосни години далеку се гледа како што била пред милијарда години. Телескопите како Хабл можат да ни дадат погледи на раниот Универзум преку проучување на поголеми одалечености. Како и да е, астрономите не можат да го користат Хабл за следење на еволуцијата на поединечна галаксија со текот на времето.
,,Илустрис е како времеплов. Можеме да одиме напред и назад во времето. Можеме да ја паузираме симулацијата и да зумираме во поединечна галаксија или галактичко јато за да видиме што навистина се случува таму ’’- вели коавторот Shy Genel од CfA.
Тимот реализира високо-резолуциско видео, кое ги потенцира различните слоеви (на пр. густина на темна материја, температура на гасот, или составот). Тие исто така прикажуваат уште неколку помали видеа и слики онлајн на http://www.illustris-project.org/
Превод: Дарија Велкова
Извор: Phys.org