На 27 јануари 2015 научниците кои го набљудуваат астероиодот 2004 BL86 објавија дека околу него орбитира мала месечина. Астероидот беше најблизу до Земјата 26 јануари, на растојание од 1.2 милиони километри, или три пати повеќе од растојанието меѓу Земјата и Месечината.
Овој астероид потсетува на огромниот астериод Веста според направените спектрографски истражувања. Веста е во средина на главниот астероиден појас и неодамна беше цел на мисијата на НАСА, Зора (Dawn). На горната снимка се искомбинирани 20 посебни фотографии направени во Голдстон, САД за време на 26-ти јануари. Таа покажува дека примарното тело има пречник од приближно 325 метри, додека пречникот на неговата месечина изнесува околу 70 метри. Траекторијата на астероидот 2004 BL86 е добро позната. Имено, ова беше најблиската средба што ќе ја имаме со него во наредните два века.
Астероидот беше откриен во 2004-тата година со истражувањето LINEAR (Lincoln Near-Earth Asteroid Research) во Ново Мексико. Радарот е моќна техника за проучивање на големината, обликот, површината на астероидите, па и за прецизирање на пресметките за нивните орбити.
НАСА придава огромно значење на детекцијата и одредувањето на траекториите на објектите близу Земјата за безбедносни цели. Па така, повеќе од 98% од објектите од ваков тип се откриени благодарение на САД.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: NASA