Сонот на многу љубители на вселенските патувања, да се вратиме назад на човечки летови до Месечината, па и подалеку во Сончевиот систем конечно станува реалност. На 16 ноември, после повеќегодишни подготовки конечно го видовме полетувањето, на сега најмоќната ракета лансирана од човештвото, СЛС – Space Launch System или со името Артемис / Артемида 1.
Капсулата Орион, која на идните мисии ќе го носи човечкиот екипаж околу и на Месечината, веќе е во орбита околу нашиот најблизок сосед и во наредните 20-тина дена ќе кружи во ретроградна, елиптична орбита околу неа пред да се врати назад на Земјата.
На предавањето кое ќе се одржи наредниот вторник, 29 ноември во 18:45 ч. во предавална 110 на ФЕИТ – (електро факултетот) во Скопје ќе можете да чуете многу повеќе за подоготовките на целата програма, вести „во живо“ од самата мисија, најнови снимки и фотографии, како и идните планови што ги има НАСА околу оваа програма. Покрај тоа ќе кажеме и за развојот на неколку други ракети, кои исто така ќе можат да носат луѓе во Вселената и да одат на мисии до Месечината и назад, а се развиваат од приватни компании како Space X и Blue Origin.
Дојдете да слушнете нешто ново и интересно кое сите нас ќе не држи заинтересирани за вселенската програма, и во големо исчекување до лансирањето на астронаути на Месечината, астероидите и на Марс во наредните 10-тина години.
Цената на билетот е 100 денари.