Апсолутен сјај (апсолутна магнитуда)

0

Сјајот на ѕвездите зависи од два фактори: од оддалеченоста на ѕвездите и од тоа колку тие навистина зрачат светлина: E= I/r2 , интензитет на зрачењето, I,  и оддалеченоста на изворот до нас, r. Ако сакаме да видиме која од две ѕвезди е посјајна, мораме да ги доведеме на исто растојание. За таа цел се воведува поимот апсолутна магнитуда (МV), која се дефинира како привиден сјај на ѕвездата на оддалеченост од 10 pc (парсека).

Апсолутниот сјај се нарекува уште и вистински сјај. Најсјајната ѕвезда Сириус (-1.5м) за својот статус може да заблагодари само на фактот што е блиску до Земјата (8.6 с.г.), но нејзиниот апсолутен (вистински) сјај (магнитуда) е 1.35. Ригел (во Лав) од Земјата е оддалечен 1500 с.г., но доколку би ја „доближиле“ на 10 парсека, таа би сјаела со -8м (речиси како четвртина Месечина).

apsoluten-sjaj-malku-poveke

Сподели.