Вистина е дека нашата матична ѕвезда е јасно просечна во споредба со сите други ѕвезди за кои знаеме во длабоката и убава темнина на галаксијата. Сепак тоа е сеуште еден мал возбудлив нуклеарен реактор, произведувајќи сончеви торнада и сончеви ветрови и испраќајќи сложени млазови на сончева плазма во текот на ноќта.
Ново истражување додава уште еден слој во печката која овозможува се. Според нов труд во списанието Астрофизички Журнал Сонцето расте и се намалува на секои 11 години за 1 до 2 километри. Неформално би можело да се рече дека тоа диши, иако многу споро.
Овие километри го зголемуваат радиусот на Сонцето за само 0,00029 проценти максимум, што сепак претставува многу слабо вдишување и издишување. Со ова на ум, неверојатно е што тимот од Институт за Технологија на Њу Џерси и универзитот во Кот д`Азур воопшто и успеале да ја забележат оваа промена. Па, како знаеле?
Преку неколку скорашни истражувања, тимот забележал дека потоците со плазма бегаат и се враќаат на соларната површина во вид на високо енергетски јонизирани нишки гас. Се испостави дека фреквенциите на плазма брановите кои што поминуваат околу ѕвездата не се толку различни од звучните бранови прозиведени од страна на музички инструмент.
Да речеме, дека имате саксофон затоа што сакате малку џез. Ќе отсвирирте нота и ќе се здобиете со бучава и се е добро. Сега ако тубата во саксофонот одеднаш се прошири нанадвор, тонот на таа нота ќе се намали. Ако го стиснете целиот навнатре, тонот ќе биде повисок.
Во таа смисла Сонцето повеќе наликува на магичен саксофон. Фреквенциите на плазма бранови се менуваат зависно од големината на Сонцето и ова прецизно може да биде измерено од страна на научниците на Земјата. Сепак, не било лесно.
Сепак требало 21 година набљудувања и користење на два посебни вселенски телескопи на НАСА кои го направиле ова откритие возможно.
Типовите помеѓу вас со око од сокол и интерес во соларна наука можеби и веќе погодија со што е поврзано сончевото дишење и сосема сте во право, има врска со сончевиот циклус.
На секои 11 години, Сонцето се движи од насилен сончев максимум до некој си спокоен сончев минимум. На максимум сончевите пеѓи (темни области со јака магнетска активност) се појавуваат почесто и се собираат во јата веднаш над и под екваторот. Повеќето сончеви пеѓи ја зголемуваат можноста од појавувањето на сончеви бури, што би можело да значи било што почнувајќи од помоќна аурора во нашите неба до електричен дефект во инфраструктурата. На минимум, сончевите пеѓи стануваат реткост.
Оваа активност е управувана од магнетската активност која се одвива длабоко закопана во Сонцето. Вистина, плазма брановите кои што биле следени од тимот исто така пливаат под површината, во редослед од неколку милиони метри, блиску до радиусот на Земјата во однос на растојанието.
Сонцето се шири за време на минимумот и се намалува за време на максимумот. Иако тимот забележал дека моментално „нема теорија“ која што ги поврзува овие поместувања со промени во внатрешните магнетски механизми на Сонцето, тие предлагаат дека е поврзано со промената во ориентацијата на магнетните полиња кои се случуваат за време на циклусот.
Полето на истражување е познато по неговото екстремно кул име хелиосеизмологија кое што суштински е еднакво со земската сеизмологија, како слушањето на напади и вулкански потреси, но во вселената.
Во случај да се прашувате: не, оваа неверојатна мала промена во соларни димензии нема влијание врз климата на Земјата. Ние сеуште треба да се справуваме со антропогени промени во климата. Ајде да го закопаме тоа во калта, баш таму и веќе никогаш да не зборуваме околу ова.
Превод: Анастасија Младеновска
Извор: IFLScience